Петиција за сопирање на изградбата на Панорамското тркало

25.12.2016 19:25
Претходна статија  Ќе се регулира и уредува коритото на реката Речица a2 Hotelconcept GmbHЈСП СкопјеГрадска инфраструктураМал РингМостовиПанорамско тркалоСкопјеСкопје 2014 Петиција за сопирање на изградбата на Панорамското тркало

На он-лајн платформата Change.org се појави нова петиција на граѓаните за стопирање на изградбата на Панорамското тркало во центарот на Скопје. Граѓанската реакција за многу краток период собра речиси 4.000 потписи, а само во текот на денешниот ден се потпишаа речиси 1.500 граѓани. Петицијата е предвидено да се достави до скопскиот градоначалник Коце Трајановски, кој преку ЈСП Скопје е и инвеститор во зданието што ќе чини над 19,1 милиони евра. Градежните работи на терен ги изведува фирмата „Бетон“ од Скопје, а досега се завршени темелите на објектот.

„Како граѓани на Република Македонија – кои што живеат во земјата или надвор од неа – бараме итно запирање на сите подготвителни работи околу изградбата на контроверзното панорамско тркало за уште една целосна, натпартиска, стручна анализа на овој проект. Сметаме дека во услови на продолжена економска криза и енормен степен на сиромаштија, вакви проекти немаат оправдување, ни од економска, ни од морална гледна точка“, се наведува во повикот до граѓаните да се потпишат на он-лајн петицијата за стопирање на изградбата на Панорамското тркало.

Овој објект од проектот „Скопје 2014“ треба да се изгради најдоцна до 2019 година. Панорамското тркало ќе има дијаметар од 57 метри, а на тркалото ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со максимална носивост од 300 лица. На просторот помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“ ќе се изградат нова кафетерија, сувенирница и ресторан заедно со Панорамското тркало. ЈСП Скопје пред само еден месец потпиша дополнителен договор со изведувачот на работите за распределба на нови 800.000 евра за реализација на непредвидени работи во врска со изградбата на тркалото.

Извор: www.build.mk

Слични содржини

Општество / Активизам / Јавни простори
Општество / Активизам / Јавни простори
Општество / Јавни простори
Јавни простори / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото