Згаснува некогашниот европски фудбалски шампион Стеауа

26.12.2016 00:28
Згаснува некогашниот европски фудбалски шампион Стеауа

Стеауа од Букурешт, некогашниот источноевропски гигант, првиот „комунистички“ шампион на Европа, повеќе не постои.

Романскиот Врховен суд пресуди во корист на Министерството за одбрана на Романија, кој бараше на клубот, чиј сопственик е бизнисменот Џиџи Бекали, да му се одземат името и грбот, и да се прогласи за нелегитимен наследник на клубот кој во 1947 година го основаше Министерството.

Случајот долго време се влечеше по судови, а пред три дена беше донесена конечната одлука - Стеауа повеќе не може да се вика така и не може да настапува во романскиот шампионат.

„Сè е готово, Стеауа повеќе не постои. Не знам што ќе биде во иднина, како ќе се одвива ситуацијата“, вели неименуван функционер од клубот за романските медиуми.

Според медиумите, Стеауа во иднина ќе се вика FCSB и ќе почне од нула - од четвртата романска лига, веројатно од наредната сезона.

Стеауа 26 пати беше шампион на Романија, освои 22 купа и беше шампион на Европа во 1986 година.

Извор: www.vijesti.me

ОкоБоли главаВицФото