1007 hPa
94 %
11 °C
Скопје - Чет, 25.04.2024 18:59
Студентите од прва година на Естонската академија за уметност дизајнираа и изработија засолниште кое го нарекоа „Читател“, место во кое луѓето можат да избегаат од секојдневната рутина. Засолништето е сместено во националниот парк Лахема во северниот дел на земјата.
Засолништето „Читател“ е конструирано за пет дена, а направено е од панели од борово дрво. Контурите во внатрешноста на објектот потсетуваат на пештера.
Дизајнерите на овој објект ги повикуваат луѓето да избегаат во „Читател“ од своите бурни животи меѓу страниците од светот на фикцијата и фантазијата.
Дел од контурите на ѕидовите на објектот потсетуваат на страници од книги, а на места линиите се преобразуваат во клупи на кои посетителите можат да седнат и да го почувствуваат просторот како свое, пријатно катче за одмор.
Извор: www.archdaily.com