Мала деЦка приказна

30.12.2016 14:52
Мала деЦка приказна

Еден ден пред Нова година, Дедо Мраз се разбудил во ниедно време ужасно осамен. За да се утеши, си зготвил убаво јадење, си пуштил добар филм, но ни тоа не можело да му ги одврати самотните мисли. Очаен, седнал до прозорецот и го набљудувал вртлогот од зимски лисја кои танцувале врз петсабајлечката улица до неговата куќа. Лисјата биле возбудени, вљубени, уживале во првиот чистовоздушен ден после недели, а Дедо Мраз трепкал во ритамот на дрвцата кои спокојно испуштале топлина во неговата печка и сфатил дека никогаш не добил ниту еден подарок.

Слика: Џејмс В. Џонсон

ОкоБоли главаВицФото