Најдобрите политички вицови во 2016

03.01.2017 15:57
Најдобрите политички вицови во 2016

Кој ќе ги земе парите

Чесен поп, скромен министер од ВМРО и Дедо Мраз наоѓаат банкнота од сто евра. Кој ќе ја земе?
-Дедо Мраз. Другите двајца не постојат.

Дедо Мраз и Груевски

Трпе разговара со другарот:
-Ептен ми се смешни децава што веруваат во Дедо Мраз.
А Трпе му возвраќа:
-Што им се смееш, уште има возрасни што му веруваат на Груевски!

Историја и идентитет

Мартин Протуѓер му кажува на Груевски:
-Норвешка ќе инвестира милијарда евра во велосипедски патеки.
-Тоа ти е, земја без идентитет и историја, одговорил Груевски.

Која Македонија?

Одат Груевски и Мијалков со вреќи пари кај Хилари Клинтон.
– Што брате вие овде? – ги прашува Хилари изненадена.
– Еве, ги здипливме сите пари, па да видиме ако може да поделиме и колку може да се спасиме.
– Како мислите сите!? Ништо ли не оставивте во Македонија?
– Оставивме, како не. Во Македонија оставивме темпирана бомба.
– Темпирана бомба!? – извикала Клинтоница. – Веднаш да се вратите и да му се извините на народот во Македонија!
– Која Македонија? – прашале двајцата братучеди.

Полначот на Грујо

#Ж го исклучи од штекер апаратот за одржување во живот на Република Македонија и го стави својот мобилен да се полни.

Македонија vs. филм

Која е разликата меѓу Македонија и филм?
- Филмот се развива.

Несреќа

Во Македонија е сеедно каде се наоѓаш. Секогаш си на местото на несреќата.

Името

Африканското име на Македонија:
Брегот на Сиромаштијата до Коска.

Помилување

Ѓорге Иванов се понуди да го помилува убиецот на српската пејачка Јелена со цел да заврши балканската голгота и животот да продолжи нормално.

Претседателски зодијак

– Хорхе, што си во хороскоп?
– Што ќе ми кажат - тоа сум.

Во голем број

Дошол вмровец на контрапротест на ГДОМ, а на нозете имал чевли број 55.
Кога го прашале од штабот зошто дошол во толку големи чевли, тој им рекол:
-Па нели рековте да дојдеме во што поголем број?

Дипломец

Дипломирал функционер на ВМРО-ДПМНЕ на приватен факултет и ѝ рекол на жена му:
-Да знаев дека е толку лесно... ќе завршев и средно!

Земјотреси

Нели се договоривме да не скокаме врз програмата на ДПМНЕ?
Што е ова земјотреси?!

Вмровец на умирање

Вмровац пред умирање вика нa деца:
- Извадите ми чланску књишку од СДСМ.
- Зашто бе тато?
- Ако веќ некој умира, нека умре од њини!

Скопје на грчки

Како се вика Скопје на грчки?
- Неа Стиропори.

Мајка Македонија

Наша држава е како мајка - родиш се к'д ќе искочиш од њума...

Сорос

Џ.Сорос се родија у 1930, основаја бизнис империју, спасуваја животи, донираја 8 милијарде на сиромашни и тој све с'с ед'н циљ: Да ги симне ВМРО од власт.

Сител

Куде нас дома Сител га викамо: „Дај смени нешто друго“.

Имунитет

-Како не ви е срам?!
-Не ни е, нè штити пратеничкиот имунитет.

Новинар

Разговараат двајца политичари:
-Можам ли да се послужам со твојот новинар?
-Може, ама од моја рака!

Фенг ДУИ

Според Фенг ДУИ најдобро е да си секогаш на власт.

До смрт!

-ДПА: Ние не ја напуштаме Владата!
-Ама вие немате министри?
-Е ако, де!

Побуна

Сто илјади Ирци се бунеа поради поскапувањето на водата.
Сто илјади Унгарци се бунеа поради поскапувањето на интернетот.
Би се бунеле и ние против поскапувањата, ама од каде да најдеме двесте илјади Ирци и Унгарци?!

Како СДСМ ќе ги добие изборите

- Има само еден начин СДСМ да ги добие Изборите.
- Кој е тој?
- NGO!
- Mислиш Невладините Организации?
- Не, иако и тие се многу битни во процесот.
- Па тогаш што значи НГО?
- Никола Груевски Обвинет!

Грујо на баскет

Кога Грујо игра баскет, не му судат чекори, пошто он прави по 100.

Прилог

Оди Груевски кај Вили:
-Може една лесковачка.
-Сакате и прилог?
-Не, прилог ќе нарачам од Сител.

Светецот Груевски

Си биле Груевски и Заев во посета на Мајка Тереза во рајот. Да бараат да станат светци. И му вика Мајка Тереза на пастирот наш да каже две чуда што ги направил. Тепам на избори веќе десет години, одговара нашиов. Добро сега, тоа е чудо не дека не е, ама имаш ли некое чудо направено за доброто на немоќните, сиромашните, прашала светицата. Вашиов Заев таман почнал да се смешка задоволно, Груевски се сетил, Да, мајче, рекол, спасив 400.000 луѓе од сиромаштија, благодарение на мене се отселија од Македонија. А оваа будалетинкава овде сака да ги враќа, хахаха… И така Грујо стана светец. А Заев јок.

Политички вицови

Не ги одобрувам политичките вицови. Сум видел премногу од нив како добиваат избори.

ЕВЕРГРИНИ

 

За ништо

Нов затвореник доаѓа во ќелија и таму го прашуваат:
- На колку те осудија?
- На петнаесет години.
- За што?
- За ништо!
- Нема шанси, за ништо даваат десет години.

Гласови

Груевски, Саркози и Берлускони патуваат со авион и пилотот им вика:
- Ни снема гориво, но имаме само еден падобран. Како ќе успееме?
- Ајде да гласаме! – вели Груевски.
Сите се согласуваат! Гласаат и победува Груевски. Си го зема падобранот, и се фрла.
Берлускони му се врти на Саркози и му вели:
- Како освои 40 гласови, а ние сме само четворица?

До крајот на светот

Одат Обама, Путин и Грујо кај Господ и Тој им вели: „Имам 2 вести за вас. Првата е дека постојам, а втората е дека светот ќе престане да постои на 1-ви јануари 2012.” Се враќа Обама во Америка и се обраќа на нацијата: „Мои сограѓани, имам една добра и една лоша вест. Добрата е, она што велевме дека постои навистина постои. Лошата е дека ќе го уништи светот на 1-ви јануари 2012.” Се враќа Путин во Русија и се обраќа на нацијата: „Мои сограѓани, имам 2 лоши вести. Првата е дека она што велевме дека не постои всушност постоело. Втората е, ќе го уништи светот на 1-ви јануари 2012.” Се враќа Грујо во Македонија и право во Сител кај Латас, да се обрати на нацијата: „Драги граѓани, имам 2 ОДЛИЧНИ вести. Првата е, ме викна Господ кај него да се запознаеме, имавме кратка средба, разменивме мислења за актуелните состојби, по што одржавме прес конференција и фото сесија. Втората вест е, Господ лично ме увери дека ќе владеам до крајот на светот”.

Слики: Свирачиња

Слични содржини

Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура
Книжевност / Уживање / Култура

ОкоБоли главаВицФото