Препорака за македонскиот Мики Коен

04.01.2017 01:06
Препорака за македонскиот Мики Коен

Само што го изгледав „Гангстерски одред“, филм за Мики Коен, најпознатиот гангстер во Лос Анџелес кон крајот на четвртата и почетокот на петтата деценија на минатиот век, мафиозо кој држел под контрола полицајци, началници, судиии, бил „бог и батина“ во градот. На севозможниот тип му се спротивставува бестрашна полициска екипа на чело со Џон О’мара, воен ветеран, кој на крајот на филмот го фаќа Микита, го демолира и го праќа во Алкатраз.

Филмот е во режија на Рубин Флaјшер, Шон Пен го игра Мики Коен, а Џош Бролин се јавува во улогата на О’Мара.

Го кажувам ова затоа што сè ми се чини дека и нашиот Мики Коен ќе заврши така. Неговата штабквартира неверојатно личи на штабквартирата на Мики во Лос Анџелес. Судијата кој под директна закана на полицајците го потпишува налогот за приведување на Коен и за тоа експресно го известува, ме потсети на онаа будала, таканаречениот претседател на Кривичниот суд. Добро, можеби не со толку многу пукања и жртви, но со добар ќотек за главниот гангстер и со затвор, тоа да, сигурен сум дека така ќе заврши.

Му го препорачувам на нашиот Мики оваа добро филмче, меѓу две тури сарми, за полесно да му легне виното! Можеби ќе се сети да скршне од самоубиствениот пат по кој посеа толку многу зло и несреќа за луѓето во Македонија.

Извор: Фејсбук профилот на авторот

ОкоБоли главаВицФото