Проблемите на Груевски со невладиниот сектор

06.01.2017 10:32
Проблемите на Груевски со невладиниот сектор

Дека Никола Груевски има голем проблем со невладиниот сектор во Македонија одлично се гледа од долните износи:

Годишни државни трансфери за невладиниот сектор во регионот:

- Македонија: 4.1 млн. евра (2004-14 годишен просек)
- Босна и Херцеговина: 51.1 млн. евра (2012)
- Хрватска: 197 млн. евра (2014)
- Србија: 71.1 млн. евра (2012),
- Црна Гора: 4.6 млн. евра (2013)

Извор: Документ за јавни политики: Директното буџетско финансирање за граѓанските организации - основен преглед, Симона Огненовска, Македонски центар за меѓународна соработка, 2016. (Линк)

Бројките се и повеќе од јасни. Македонската држава доделува убедливо и неспоредливо помалку средства по жител за невладиниот сектор од сите држави во регионот. Ај, тоа, туку тие средства се се помалку од година во година како процент од националниот буџет и од 2004 до 2014 нивниот удел во буџетот е преполовен:

Година/ доделени средства за НВО како процент од буџетот

2004 0,30%
2005 0,39%
2006 0,20%
2007 0,17%
2008 0,20%
2009 0,19%
2010 0,17%
2011 0,15%
2012 0,16%
2013 0,15%
2014 0,14%

Слика: Странски служби