Груевски ќе остане запаметен како дрско корумпиран популист

06.01.2017 13:05
Груевски ќе остане запаметен како дрско корумпиран популист

Според логиката на Груевски:

1. Сорос е против национализмот и го мрази Груевски.

2. Сорос не знае што е тоа национализам. Ниту пак знаат луѓето кои работат во НВО-ата во Македонија (кои нели, 95% се финансирани од Сорос).

3. Тоа што го прави Груевски не е национализам, туку патриотизам.

4. Сорос и НВО-ата се против патриотизмот. Работејќи против Груевски, го поддржуваат СДСМ и тие се против Македонија.

Значи, целава оваа криза и „заговорот на Сорос и странските служби“ се всушност едно обично недоразбирање околу теорискиот концепт на поимот „национализам“?!

Не, Никола, никој не сака да те бутне од власт и да те изведе пред суд само поради тоа што си националист - според кое било сфаќање за зборот.

„Народот“ на кој обожаваш да се повикуваш, на изборите те бутна од власт поради лошите, криминални и неодржливи политики на владеење. Ќе бидеш изведен пред Суд поради основаните сомненија за бројните кривични дела.

Ама не се грижи - историските учебници нема да те запаметат како националист. Ќе те запаметат како дрско корумпиран и ужасно популистички политичар, кој немал никаков проблем да се служи со најевтините националистички трикови секогаш кога тоа му било од корист за политичките, финансиските или личните интереси.

И не постојат доволен број прашања кои можеш сам да си ги поставиш и одговориш во мегаинтервјуто, кои можат да го променат тоа.

#КаковКрај

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Били Даркарт