Со мене има некоја грешка

08.01.2017 18:26

Со мене има некоја грешка
лицето везден ми се смешка
хе-хе

Ко во умот да сум сплескан
со устата јас се клештам
хо-хо

Дали сум недоветен, смотан
штом цело време се кикотам?
хи-хи

Нестрплив сум, само ѕверам
барам нешто да се церам
ху-ху

Станува навистина страшно:
се смеам ко луд на брашно
ха-ха.

Превод: П. В.

Влада Стоиљковиќ (Vladimir Stojiljković, 1938-2002), еден од најзначајните југословенски поети за деца. Бил познат и како врвен автор на радио драми, детски и други, изведувани на речиси сите југословенски радио станици. Интересно е што работел и како мошне ценет илустратор и преведувач; ги превел култните романи „1984“ на Орвел, „Храбриот нов свет“ на Хаксли, „Леси се враќа дома“ од Најт, „Гуливеровите патувања“ од Свифт, „Иби повторно јава“ од Жари... Во седумдесеттите години активно учествувал и во сигналистичкото движење, зад кое стоело интернационалното списание СИГНАЛ. 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото