Училиште без училници ќе биде изградено во Мелбурн

09.01.2017 04:43
Училиште без училници ќе биде изградено во Мелбурн

Австралиската компанија Хејбол планира да создаде уникатен простор за учење за основците во Мелбурн - училиште без училници. Оваа зграда се смета за проект на иднината. Основното училиште на југот на Мелбурн би требало да биде изградено во 2018 годна, како „прво вертикално училиште во регионот“.

Петкатницата содржи простор за школување на 525 деца, но има и други содржини, како медицински центар и внатрешни и надворешни спортски терени.

Директорката на фирмата, Ен Лау, вели дека на двата најниски ката ќе се наоѓаат просториите наменети за целата заедница, додека остатокот е предвиден за едукативни цели. Меѓутоа, наместо традиционалните училници децата ќе се образуваат во таканаречени „едукативни четврти“ кои опфаќаат и внатрешни и надворешни простори.

„Во ова училиште нема формални училници туку секоја четврт која може да прими до 75 деца со тројца наставници служи за учење преку дружење и соработка, а не дидактичко учење“, вели Ен Лау.

Преку скалите и вертикалната поврзаност е создаден концептот „вертикален плоштад“, а скалите не се само скали, туку место за средби и разни активности.

Извор: Dezeen