Главолом шампионите за 2016! (2)

10.01.2017 14:30
Главолом шампионите за 2016! (2)

 

Бранко Тричковски

 

Ќе ви дадат брашно, ќе ви го земат лебот

Ќе ви дадат шеесет евра, ќе ви ги земат сите пари; ќе ви дадат брашно, ќе ви го земат лебот; ќе ви дадат работа, ќе ви ја земат личноста; ќе ви дадат канализација, ќе ве претворат во говно; ќе ви дадат споменик и ќе ве избришат од иднината.

Не мора да гласате за ВМРО-ДПМНЕ за да ја разберете оваа вистина за нивната понуда. Таа, имено, ги обликува вашите животи цели десет години. Погледнете околу себе, помирисајте и ќе забележите дека тоа што ви е топло доаѓа од говното што власта го исра врз вас и вашата фамилија.

Фејсбук, 01.12.16.

 

Ако треба да затвориме некоја организација...

Ако треба да затвориме некоја организација по налог на Турција, тогаш тоа треба да биде вмро!

Фејсбук, 29.08.16.

 

Чафкоф е единица за брзо глупирање

Чафкоф е единица за брзо глупирање.

Еден Чафкоф е квадратен корен од глупоста на Никола, помножена со коефициентот на интелигенција на Ристо Никовски!

Фејсбук, 02.07.16.

 

„Нека влезе бројот еден"

Љубе Бошковски излегол од затвор.

„Нека влезе бројот еден“, викнале од портирницата кон вмровците што чекале пред „Идризово“.

Фејсбук, 05.06.16.

 

Три вреќи баласт

Балонот со кој Македонецот плови низ воздушното пространство на историјата губи височина и може да катастрофира ако нашиот човек не се ослободи од три вреќи баласт:

Од примитивниот православизам кој го форматира како аморфна, ропска, бесплодна свест и култура.

Од вмровизмот кој го трансформира во субјект против себе, односно во идиот.

Од антиалбанизмот кој ќе го расформира како свила натопена во киселина.

Фејсбук, 03.05.16.


Румена Бужаровска

 

Ништо не е џабе освен сè

Луѓето кај нас мислат дека ништо не е џабе освен сè.

Фејсбук, 30.08.16.

 

Долно, суб-човечко битие си ти, Хорхе, и сите што те поддржуваат

Пред пет-шест години имав прилика да го посетам затворот за жени. Главно запознав затворенички пикнати таму за ситни кражби, жени што се социјални случаи, зависнички што краделе дијазепам, и слични трагични приказни што не заслужуваат да бидат казнети за тоа што го направиле, туку да им се помогне тоа да не го прават.

А Хорхе на овие жени им изјавува „„Сакам јасно да знаете дека зад мојата одлука никогаш нема да се сокријат оние што направиле грешка во животот и треба да ја сносат одговорноста за тоа. Сакам да знаете дека целта на мојата одлука не е да помилувам криминалци , туку да помогне во воведувањето на ред во државата“.

Долно, суб-човечко битие си ти, Хорхе, и сите што те поддржуваат.

Фејсбук, 23.04.16.

 

Ги обожавам и длабоко почитувам сите „сквернавачи“ на СК2014

Ги обожавам и длабоко почитувам сите „сквернавачи“ на СК014. Поголема катарза од реновирањето на овие грдосии немам доживеано. Уште поголема катарза ќе ми биде само робија за дегенеречниве криминалци.

Фејсбук, 19.04.16.

 

„Господине, некултурен сте!“

Денес еден возрасен човек си се паркираше пред рампата на паркингот на факултетот, јас си застанав зад него, тој си излезе, си ја остави колата пред рампа, отиде на пунктот за наплата, лека-полека и без нервоза си плати и си се упати кон автомобилот, оставајќи зад него да си се прави колона. Му реков, „господине, некултурен сте“. Тој застана до мојот прозорец и ми рече „Прво, јас сум академик“. Му реков дека не ме интересира дали е академик. „Второ, имам 70 години“. Му реков дека не изгледа старо или болно, по што малку се збуни. Му повторив дека е некултурен што се паркира пред рампа и ги остава другите да чекаат зад него. Па затоа ми се закани дека ќе ми викне полиција, и кога го прашав зошто, ми рече дека го навредувам и дека давам лош пример за другите, оти ние младите сме требале да поставиме пример за однесување.

Фејсбук, 14.04.16.

Жарко Трајаноски

 

Ова веќе не е ни Апсурдистан

Десетици илјади граѓани со години сме биле жртви на незаконско следење и прислушкување. И тоа со опремата која беше ем купена, ем под контрола од Сашо Мијалков.

И сега Сашо Мијалков бил жртва на нелегално прислушкување?

Ова веќе не е ни Апсурдистан.

Мора да се уапсат сите јавни обвинители и судии кои работат под наредба на осомничените криминалци Сашо Мијалков и Груевски.

Фејсбук, 25.10.16.

 

Судија може да биде гонет, ако сторил кривично дело

„Не може судија да биде гонет за својата судска работа“, изјавил денес претседателот на судски совет.

И тоа како може да биде гонет, ако сторил кривично дело, идиоту!

Фејсбук, 20.10.16.

 

Мора нешто да признаам

Мора нешто да признаам.

Ова е прв пат, како активист за човекови права, јавно да поддржувам некое обвинителство.

Фејсбук, 15.02.16.

 

Бранимир Јовановиќ

 

Платите од државата, профитот кај странските инвеститори

Истражувањето покажува дека од 2007 до 2015 година се потрошени 159 милиони евра за привлекување или поддршка на странските директни инвестиции. Во истиот период, странските инвеститори исплатиле плати во вредност од 92,1 милиони евра, а оствариле нето добивка од 235 милиони евра.

Радио Слободна Европа, 08.12.16.

 

Честит празник! 29 ноември :)

14 април 2016 година, околу пладне. Те вадат од ќелијата, те носат да ти земат отпечатоци од прстите. Мала, темна соба. Неколку намуртени луѓе во неа. Еден од нив ти зема лични податоци.

- Етничка припадност?
- Не се изјаснувам. 
- Mора нешто да ставиме, компјутерот ни бара!
Југословен, тогаш.

Убава насмевка ги закитува лицата на сите присутни и почнуваат опуштените муабети.

Фејсбук, 29.11.16.

 

На сон ти дојдоа партизаните

На сон ти дојдоа партизаните. Оние неколку кои си ги запознал во животот. Сакаше да ги прашаш како им било ним кога се бореле против фашистите. Дали и тие имале вакви дилеми? Како излегувале на крај со нив? Дали и кај нив се јавувале повремени недоразбирања? Дали и тие се прашувале како треба да продолжат понатаму? Како решавале кога треба да тргнат во офанзива? Како ги спремале офанзивите?

Сонот прекратко траеше, па немаше време да им ги поставиш овие прашања. Компај Сегундо го прекина и те врати во реалноста. Онаа реалност во која ваквите прашања ги одговараш ти, заедно со другите протестирачи. Со дела, не со зборови.

Призма, 23.05.16.

Ирена Ристиќ

 

Бегај, бегај, прваче, од школата своја

Бегај, бегај, прваче
Од школата своја
Таму ти е партија 
И книшката твоја.
Клетви гнасни, закани,
Ќе научиш само
Бегај дур е време,
Да не викаш „мамо“!
Бегај, бегај, прваче
Грујов ечи глас
В партија се собраја
На сите у газ!

Фејсбук, 02.09.16.

 

Веома врло се затвор ближи јер СЈО криминал им књижи

Данас су на распит ошли 
И Бетка 
И Миле 
И Орце.
Јер мислили су да ми смо офце. 
Сад се цели у грчу движу
Док се на њима обвиненија нижу. 
Где да се сада они скрију 
Кад на народ у душу им врију 
Веома врло се затвор ближи 
Јер СЈО криминал им књижи.
Хах.

Фејсбук, 29.08.16.

 

Дечки, тераме по старо!

Се мислев дали да обзнанам дека сум у врска, среќно вљубена, веома врло шармантно компликејтид, али па, од друга страна, ми текна дека веројатноста да го изгубам вниманието кое го уживам од еден куп срцки од двата пола е застрашувачки големо... Така шо, ништо!

Дечки, тераме по старо!

Фејсбук, 27.08.16.

 

Арсим Зеколи

 

Што не е јасно?

Никола е против Заев со кој е на телефонска линија, во исто време додека со Али сплотено агитираат против СДСМ и Беса со која пак Мендух прави таен план за да го победи Села кој пак во ДУИ наоѓа партнер за соработка и спас на СЈО поради што преговара со Али кој преку Теута намигува кон Рада да не обрнува внимание кон Буџаку кој е за соработка со ВМРО на ист начин како и пот-претседникот на ДПА кој веднаш би отишол со Никола за кого Села е поприфатлив од Љубчо кој заедно со Левица го раситинија отпорот против Никола кој победи над Заев кој е победник на изборите но не дава ветена оставка како Мендух кој пак вети два мандата на Беса која се прогласува како модерна конзервативна партија наклонета кон СДСМ.

Не, озбилно прашувам, што по ѓаволите не ви е јасно?

Фејсбук, 26.12.16.

 

Karma is a bitch

Кога ги слушам професорите на ДУИ, ми иде да се зачленам во СДСМ.
Кога ги слушам водачите на СДСМ, ми доаѓа да се претплатам на Дневник.
Кога го читам Дневник, ми иде да истетовирам НАТО на чело.
Кога ги читам дипломатите на НАТО, ми доаѓа да станам Путин.
Кога го читам Путин ми доаѓа да станам Ердоган.
Кога го читам Ердоган, ми иде да гласам за Трамп.
Кога го слушам Трамп, ми иде да им кажам на Американците „karma is a bitch“.

Фејсбук, 09.06.16.

 

Куранот и Исламот како гума за џвакање

Ердоганисти и Ѓуленисти, еписибир, да дадевте некое објаснување за овој придонес кон геноцидот во Сирија? Бидејќи, рака на срце, малку наликува на дволичност да ја оплакувате Сребреница, додека во Сирија се случуваат десетици Сребреници во тек.

Имате време за одговор додека прелистувате за некој цитат, сура, хадит од Куранот со кој ќе го објаснете овој резил. Ионака Куранот и Исламот ги имате пресвртено во гума за џвакање, според интересите на дневната политика.

Фејсбук, 27.07.16.

Саше Ивановски

 

Сакале да те киднапираат за да те ебат?!

„Ми вперија приштол во еден момент, сакаа да ме вадат од возилото.“ Диме Спасов.

Па нели сакале да те утепаат бе?! Или сакале да те киднапираат за да те ебат?!

03.11.16.

 

Ние немаме ментална сила и муда

Ние немаме ментална сила и муда кога сами ќе си умрат - да ги плукнеме; не па да идеме да ги убиваме додека се живи... Каква црна револуција бе, дај немој да сте спомнале тоа више...

Фејсбук, 24.07.16.

 

Зошто има слики со овошје во чинија а нема слики со крофни или сланина во чинија?

Зошто има слики со овошје во чинија а нема слики со крофни или сланина во чинија?

Затоа што никој не јаде овошје од чинија! Можеш да ја оставиш со денови и недели...

Но другото ќе исчезне додека да се свртиш.

Фејсбук, 22.07.16.

 

Кога топката иде преку тополките

Грујо нема сам да си отиде, ќе мора да се залетаме и да го шутнеме како топка што се шутира на долг голмански дегажман кога топката иде преку тополките во реката од другата страна на голот на игралиштето...

Фејсбук, 27.03.16.

 

Прави каубојци, овај, индијанци...

Денеска превезов тројца млади Албанци од кумановско Никуштак до Бит Пазар во Скопје. Толку беа децава фрапирани што ги качил Македонец да ги превезе што у колата седеа пола саат како шпиртосани и здрвени како да се возат со Франкештајн... Не знаеја да бекнат македонски, ама не ми смета. Ова е и нивна земја и шо кур има да го знаат мојот јазик. Зошто јас не го знам нивниот не ми беше јасно бидејќи сум постар од нив 15 години најмалку а се сметам себеси и за интелектуалец и учен човек... Не им земав пари ниту имав намера зашто се гледаше дека тешко дошле до парички, инаку немаше да стопираат на стар пат на тоа сонцето денеска целите дотерани... Додуше не се ни понудија да платат. Мој тип луѓе, без многу финеси и глумење лудило. Прави каубојци, овај индијанци, или како ли беше според кодексот на ДПМНЕ...

Фејсбук, 03.02.16. 

 

Кон првиот дел

 

Слики: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото