Мерил Стрип доби награда за животно достигнување и одржа моќен говор на Златните глобуси

11.01.2017 13:40
Мерил Стрип доби награда за животно достигнување и одржа моќен говор на Златните глобуси

Мерил Стрип на сцената на Златните глобуси одржа моќен говор што никој нема да го заборави. На легендарната актерка за нејзината исклучителна кариера ѝ беше врачена наградата за животно достигнување „Сесил Б. Демил“, а во говорот таа не спомена ниту еден од нејзините филмови. Наместо тоа, таа се насочи кон идниот американски претседател Доналд Трамп и неговото исмевање на репортерот со физичка попреченост за време на изборната кампања.

„Имаше еден настап годинава кој ме стаписа и ми се закотви во срцето. Не бидејќи беше добар. Немаше ништо добро во тоа. Но, беше ефективен и си ја заврши работата. Направи одредена публика да се насмее и да си ги покаже забите. Тоа беше моментот кога личноста која бараше да седне на најреспектираното место во нашата земја имитираше репортер со физичка попреченост, некој кој тој го надминува во привилегиите, моќта и капацитетот да се брани. Тоа ми го скрши срцето. Сѐ уште не можам да го исфрлам од мислите бидејќи тоа не беше филм. Тоа беше реален живот.“ – изјави Стрип и додаде:

„Овој инстинкт за понижување, кога доаѓа од некој во јавната платформа, од некој со моќ, се инфилтрира во животот на сите, бидејќи на некој начин им дава дозвола на другите луѓе да го направат истото нешто. Непочитувањето повикува на непочитување. Насилството поттикнува насилство. Кога моќните ја користат нивната позиција за да малтретираат други, сите ние губиме.“

Таа, исто така, во својот говор се осврна на три нешта кои во моментот се мета на напади од Доналд Трамп: Холивуд, странците и медиумите.

Воведниот говор за добитникот на наградата „Сесил Б. Демил“ го одржа Вајола Дејвис, која не штедеше зборови за нејзината инспирација, Мерил Стрип.

Целосниот говор на Мерил Стрип можете да го погледнете во продолжение.

Доналд Трамп, како и вобичаено, не успеа да ја скроти својата пизма кон неговите критичари, па веднаш ја нападна Мерил Стрип, нарекувајќи ја „преценета“ актерка и „слуга на Хилари“. Повеќе за тоа прочитајте овде.

Извор: www.queer.mk

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото