Камила Фалкез

14.01.17 13:33

Камила Фалкез е самоука фотографка која ја почнала својата кариера како помошничка на фотографот Скот Шуман, а последниве години претежно работи за клиенти од модната индустрија. Живее на релација Барселона-Њујорк и секогаш е расположена за откривање непознати места, различни култури и врски со луѓето од нејзината околина.

Во серијата фотографии „Humanidad aqui arriba“, таа претставува две женски тела со различна боја на кожата како со синхронизирани движења и пози создаваат хармонија и единство.

Извор: camilafalquez.com

Слични содржини

Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото