Анус

14.01.2017 12:44
Виц икона

Отишол вмровецот Сотир на доктор и се пожалил на проблеми со хемороидите... Докторот го прегледал и му препишал некакви чепчиња... Па му вели:
- Овие преку анус треба да ги користиш...
Си ги земал Сотир чепчињата од аптека, се враќа дома, па ја прашува жената:
- Амор Менке, имаме ли ние дома анус или нешто слично?
- А што е тоа анус?
- Па не знам, докторот ми рече дека преку анус требало да ги земам овие апчиња некакви долгнавести!
- А зошто не појдеш кај другарите во штабот, па прашај ги... Нека ти даде некој, па ќе му вратиме ние ко ќе имаме!
Отишол Сотир во партискиот штаб, таму испоседнати 10-тина патриоти и ги прашува...
- Еј батки, има ли некој од вас анус? Ми треба на заем.
Се чудат сите 'батки' што е тоа, па еден од нив му вели:
- Што па нас нè прашуваш такви работи? Ние сите сме без школо... Оди министерот за здравство прашај го!
Оди Сотир кај Никола Тодоров и влегува во кабинетот негов...
- Г-дине министре, да не имате вие случајно анус? Докторот ми даде некои апчиња и требало преку анус да ги земам...
А на Тодоров му било срам да праша што е тоа и му вели на Сотир:
- Ејјј, немам... Имав, ама го потрошив!
Си се враќа Сотир дома, па и' се жали на Менка...
- Ништо Менке... Не најдов анус... И ајде кажи, што да правам сега со овие? В газ ли да си ги пикнам?

via Ацо Лукароски

ОкоБоли главаВицФото