Отворено писмо од 60 интелектуалци Албанци

16.01.2017 14:06
Отворено писмо од 60 интелектуалци Албанци

 

Апел

 

Ние долупотпишаните интелектуалци, апелираме во процесот на водењето преговори со партиите што го добиваат мандатот да се имаат предвид следните елементи:

Треба да се има предвид дека ВМРО-ДПМНЕ сè уште се води од луѓе кои имаат одговорност за катастрофалната состојба во секој сегмент од општествено-политичкиот живот и како такви, тие не уживаат кредибилитет за и понатаму да ја водат државата. Тука се сомневањата и обвиненијата за нивното опфаќање на мегаскандали, уривање на институции, уривање на евроатлантските интеграции и газењето по човечкото достоинство;

Економската и социјалната состојба во државата е доведена до беда, поради што од државата се иселени скоро една третина од населението, најмногу млади витални луѓе за кои многу е потрошено, за да сега нормалните држави ги добиваат како готов производ.

Поголемиот дел од гласачите во целата држава се определиле за промени, а кај албанскиот дел дури двојно повеќе се определиле за промени во споредба со тие кои гласаа за постојната сосотојба;

Огромен дел од гласовите што ги има добиено ДПМНЕ се некредибилни и нелегитимни, оти се обезбедени не по заслуга, туку со понижување, со измами и со заплашување на гласачите од другите етникуми во државата со Албанците, работа која длабоко има допрено во душата на секој Албанец;

Долгот на државата е удвоен, а живеачката е преполовена. Сега секој граѓанин и секое дете што се раѓа должи 2,5 илјади евра и дополнителни 2,5 илјади евра што му се украдени. Ова ќе има несогледиви последици за наредните генерации;

Евентуален договор со кој и да е мандатар треба да се прави, не со задни намери со цел зачувување на постојниот режим и групните интереси, туку со рационален пристап за државата да се ориентира кон демократизацијата, општиот развој, отворањето перспективи, остварувањето на етничката рамноправност и благосостојба, како и интегрирањето на РМ во НАТО ЕУ.

15. 01. 2017

Скопје


Проф. д-р Осман Кадриу
Проф. д-р Ремзи Изаири
Проф. д-р Мерсел Биљали
Проф. д-р Земри Елези
Проф. д-р Аурора Ндрио Карамети
Проф. д-р Сабаедин Жута
Проф. д-р Зеќирија Идризи
Проф. д-р Митасин Беќири
Проф. д-р Ибиш Кадриу
Проф. д-р Башким Селмани
Проф. д-р Али Мусли
Проф. д-р Насер Етеми
Проф. д-р Сами Бислими
Доц. д-р Зинета Асани
Доц. д-р Арлинда Кадри
Доц. д-р Ќазиме Шерифи
Исмет Рамадани
Сејдали Салиу
Џевдет Пожари
Шабан Зендели
Џибе Емини
Џенур Исеини

И 45 други

Извор: denesmagazin.mk
Фотографија: Томислав Георгиев