Бункер од Првата светска војна претворен во засолниште за планинари

16.01.2017 15:14
Бункер од Првата светска војна претворен во засолниште за планинари

Словенечкото архитектонско студио „Premica Architects“ искористи бункер од Првата светска војна и го претвори во удобно засолниште за планинари и алпинисти.

Засолништето се наоѓа во националниот парк Триглав, Словенија. Поставено е на бетонската основа на некогашниот бункер. И покрај руралната околина, архитетите му дадоа на новото засолниште модерен ентериер кој истовремено е удобен и функционален.

 

Во засолништето нема вода и електрична енергија, освен малечка ламба која работи на сончева енергија.

Асиметричните ѕидови и покривот се дизајнирани така што спречуваат опасност од ветерот или прокиснувања и оштетувања од снегот.

 

Извор: www.lostateminor.com

ОкоБоли главаВицФото