Нема пристап до знакот Холивуд

16.01.2017 18:18

Секој во Бичвуд има куче.
Никогаш нема паркинг.
Кучињата се речиси по правило мали и лаат
кога на човек му се спие најмногу.
Ако се најде паркинг, тоа е
зашто ја чистат улицата следното утро.

Едно попладне ќе ми се насмевне среќата
и ќе се паркирам врз некое мало куче.
Ќе излезам од колата како ништо да не се случило,
ќе ја заклучам, и ноншалантно ќе си отшетам.
Сопствениците на мртвото куче ќе бидат премногу
внесени во своите паметни телефони за да забележат.

Знакот кој ги информира туристите
дека нема пристап до знакот Холивуд
е најигнорираниот знак во цел Лос Анџелес.
Утрото по дождлива вечер седам надвор,
сецкам јагоди за житарките
и ги гледам туристите што позираат за фотографии.

Задоволството и убавината одат рака под рака,
тоа ги охрабрува цветовите на уличните тропски дрвја да им
се спротистават на чистачите и да ги расфрлаат рамнодушно
своите виолетови конфети по тротоарите,
врз паркираните коли, кучињата,
и врз туристите што се бунтуваат против знаците.

Превод: Ива Димовска

Оригиналната песна

Нил Мекарти е роден во југозападен Корк, Ирска. Дипломирал англиска книжевност на Ирскиот национален универзитет во Галвеј, по што започнал да пишува поезија. Неговите песни се објавени во многубројни интернационални списанија и се преведени на романски, српски, унгарски и чешки. Објавил три збирки поезија. Патува често и оваа тема е централна во многу од неговите дела. Гостувал на книжевни настани и фестивали, во Даблин, Виена, Будимпешта, Мелбурн, Њујорк, Денвер и Лос Анџелес. 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото