Ренегатот

17.01.2017 03:49
Ренегатот

Се сеќава дека се родил некаде, дека поверувал во грешките при раѓањето, дека предложил принципи и дека проповедал пламени глупости. Сега црвенее од сето тоа и упорно настојува да се откаже од своето минато, од неговите татковини, реални или сонувани, од вистините што доаѓаат од неговата сопствена срж. Тој не ќе го најде својот мир сè додека во него не го уништи и последниот рефлекс на граѓанин и наследениот восхит. Како би можеле навиките на срцето да го стават во синџири кога тој сака да се ослободи од генеалогиите, и кому дури и идеалот на античкиот мудрец, кој ги презира сите полиси, му се чини дека е трансакција? Тој е оној што не може повеќе да се определи зашто, неминовно, сите луѓе имаат и немаат право, зашто сè може да се правда и истовремено да биде апсурдно, тој треба да се откаже од своето сопствено име, да го погази својот идентитет и да започне нов живот во рамнодушност или во безнадеж или, ако не, да измисли еден нов вид осаменост, да се пресели во празното пространство и да ги проследи – препуштајќи ѝ се на волјата на прогонствата - етапите на откорнувањето. Ослободен од сите предрасуди, тој станува совршено неупотреблив човек, на кого никој не му се обраќа и од кого никој не се плаши, зашто тој допушта и одбива сè со подеднаква рамнодушност. Помалку опасен од еден брлив инсект, тој сепак е пустош за Животот, зашто тој исчезнал од неговиот речник заедно со седумте дена на Создавањето на светот. А Животот би му простил, ако му се допаднеше барем Хаосот во кој тој започна. Но тој негира секакви возбудливи почетоци, почнувајќи од својот, задржувајќи од светот само едно студено сеќавање и едно учтиво жалење.

(Од негирање во негирање, неговото постоење се истенчува: понејасен и понереален од еден силогизам на воздишки, како би можел сè уште да биде суштество од месо? Без нималку крв, тој и’ се спротивставува на Идејата; тој се откачил од своите предци, од пријателите, од сите души и од самиот себе; во неговите жили, некогаш бујни, се одмора од самиот себе; во неговите жили, некогаш бујни, се одмора една светлина од некој друг вет. Оттгрнат од она што го одживеал, лишен од љубопитството за она што треба да го живее, тој ги руши сите граничници на неговите патишта и ги одбегнува реперите на сите времиња. „Не ќе се сретнам никогаш повеќе со мене“, си вели тој, среќен што ја свртува против себе својата последна омраза и уште посреќен да ги уништи - преку својата прошка - суштествата и предметите.)

Извор: Précis de décomposition, Gallimard, 1993.
Слика: Скулптура на сликата: Брендан Монро

ОкоБоли главаВицФото