Кратка историја на третиот род на Мексико

18.01.2017 01:48
Кратка историја на третиот род на Мексико

Во еден мал град во руралнoто, домородно Мексико, постои трет род, меѓу народот Запотек познат како muxe (понекогаш се чита како muxhe). Перцепирани ниту како мажи ниту како жени, туку повеќе како нешто помеѓу, како hijras во Индија, muxes се (општо кажано) биолошки мажи, но се облекуваат и имаат типично женски начин на однесување. Еве една кратка историја на третиот род во Мексико.

Се верува дека терминот потекнува од шпанскиот збор кој се користи за „жена“ (Mujer). Мuxes претежно живеат во заедници ширум Истмус на Оаксака, каде што толеранцијата кон луѓето кои се идентификуваат со овој трет род е обично повисока отколку во многу други делови на Мексико. За жал, сепак, спротивно на популарното верување, дискриминацијата е сè уште жива. Во другите региони, muxes понекогаш се познати по други имиња, како biza'ah.

Хучитан де Зарагоза, Оаксака

Како индиското hijras, muxe се смета за древен концепт, иако многу од сегашните карактеристики кои се поврзуваат со muxe датираат само од пред околу шеесет години. Еден од начините на кои некој може да се претстави како muxe е или со носење женска облека (vestidas), или носење машка облека, но со шминка (Pintadas). Денес, повеќето muxes одбираат да бидат vestidas, односно да облекуваат женска облека, Некои muxes имаат семејства, и додека многумина се одлучуваат за машки партнери, други одбираат женски.

Кога muxe има машки партнер, тоа не мора да значи дека тој маж е хомосексуалец. Наместо тоа, тие се познати како mayates, иако многумина сметаат дека mayates се мажи кои едноставно ги реализираат своите потиснати хомосексуални желби на посоцијално прифатлив начин. Дури и кога е така, напуштањето на домот не е секогаш заедничка практика за muxes, особено за оние кои имаат намера да станат главни старатели на своите стари родители.

Индиска хиџра

Иако повеќето muxe остануваат во руралните области, главно локални заедници каде што поголема е веројатноста да бидат почитувани од навредувани, постојат muxe луѓе кои живеат во одредени заедници во САД. Во странство, далеку од својот културен контекст, тие често се групирани според западните концептуализации на родови спектруми и сексуални ориентации, наместо да бидат препознаени како сосема посебна група каква што навистина се.

Покрај тоа, многу muxes го претставуваат или предизвикуваат она што се смета за нивна традиционална улога. На пример, понекогаш некои од нив се сметаат себеси за геј, додека други имаат флуидни идеи за сексуалноста, а трети се сметаат себеси за жени. На кратко, како и сè во животот, концептот на muxe не е црно-бел.

Меѓу истакнатите и познати muxes е Амаранта Гомез Регалдо, кој стана кандидат на партијата Posible во Мексико во 2003 година, повикувајќи на релативно прогресивни акции како што се декриминализацијата на абортусот и марихуаната. Сепак, денес, перформативниот уметник Лукас Авендањо е несомнено најпознатото muxe лице. Тој е познат по презентирање на националистичките мексикански актери преку квир филтер, со што на некој начин ја предизвикува идејата дека домородната култура е целосно геј-пријателски настроена.

Лукас Авендањо

Извор: theculturetrip.com