Повик за учество на обука за врснички едукатори за ССО

18.01.2017 03:46
Повик за учество на обука за врснички едукатори за ССО

ХЕРА во рамките на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО) објавува повик за врснички едукаторки и едукатори.

Обуката опфаќа:

-I Дел: тридневна обука за теоретско запознавање со седумте компоненти на ССО и тоа: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност.

Обуката ќе се одржи од 3 до 5 февруари во Скопје.

-II Дел: тридневна обука за спроведување на работилници и процес на акредитација на врсничките едукатори. Овој дел ќе се одржи надвор од Скопје од 17 до 19 февруари.

-Сите учесници кои ќе ја поминат акредитацијата ќе станат сертифицирани едукатори и едукаторки на ХЕРА и ќе имаат можност да спроведуваат едукации на млади во текот на 2017 година.

Ги покануваме сите млади кои се:

-на возраст од 19 до 23 години
-мотивирани да водат работилници за едукација на врсници
-имаат основни познавања за сексуално и репродуктивно здравје и права
-сакаат да работат во тим, знаат да исполнуваат задачи навреме

Пожелно е кандидатите да се:

-со волонтерско и активистичко искуство за човековите права
-студенти и студентки на институтите за род, психологија, филозофија, социјална работа, медицински факултет, правен факултет и други.

Заинтересираните најдоцна до 26 јануари 2017 треба да испратат:

-Кратка биографија во која ќе го наведат своето претходно волонтерско и активистичко искуство, обуки за човекови права или зa сексуално и репродуктивно здравје
-Писмо во кое ќе ја изразат својата мотивација зошто сакаат да бидат едукаторки и едукатори (најмногу 500 зборови)

Бројот на учесници е ограничен. За првиот дел од обуката во Скопје, ХЕРА не покрива сместување и патни трошоци. Средствата за вториот дел од обуката надвор од Скопје се покриени од страна на ХЕРА.

Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор можно е да бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.

Документите со назнака/предмет на пораката Повик за обука на врснички едукатори можете најдоцна до 26-ти јануари 2017, 24 часот да ги доставите на следниов начин:

По електронска пошта: seksualnoobrazovanie@hera.org.mk

ОкоБоли главаВицФото