Ноктурно

18.01.2017 16:01

Едно дете плаче. Црна темница е, а тоа се исправа
во креветот и дава пискави наредби. Наредува
да му го избришам лицето од пајажините на кошмарот.
Наредува: да му донесам чаша вода, да легнам крај него,
да му ја превртам перницата, да му ги погодам мислите,
да го утешам со мојот глас, да не зборувам за мене, ни за
чудовиштата што ги гледа, ни за вчера ни за утре ни за
пријателите ни за непријателите ни за животните што
умреле и лежат на чинијата. Ја испржи ли таа приказна
во тавата? Стави трошки врз книгата? Изеди го месото,
нема нерви ни крв во него, тоа е од плишано животно.
Зошто толку се плашиш? Играчките во собата не
оживуваат, темнината не додава дополнителни лаги
на списокот лаги на денот. Никогаш не те лажам. Нема
да те оставам. Нема да те осудам кога ти ќе ме лажеш
и оставиш. Ниту ќе те лишам од омразата, глувоста,
недостигот дисциплина, стаклениот бунт, одрекувањето
од сè што најмногу сакаш, ножот во градите на твојот
сакан. Зошто толку се плашиш? Зашто детето плаче?
Црна темница е. Ги плукаш четирите пајажини од
устата. Од зборовите ти е топло, од тишина ти студи.

Превод: Магдалена Хорват

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото