Зоран Кардула: Редизајн на југословенските футуристички споменици

19.01.2017 03:30
Редизајн на југословенските футуристички споменици

Уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула на Окно го претставивме во повеќе наврати, претежно со низа редизајни: во чест на југословенскиот дизајн (прв и втор дел), редизајн на омоти од екс-Ју плочи, редизајн на советскиот конструктивизам, а негови постери беа вклучени и во иницијативата Гласам против.

Како последен проект, Кардула објави и серија редизајни посветени на славните модернистички споменици од Југославија.

„Овие споменици го претставуваат отпорот, војните, но исто така и единството на Југословените во историјата. Покрај нивното историско значење, она што ги прави посебни е уникатниот стил. Иако се направени во XX век, и 40 години подоцна тие сè уште изгледаат како да се пред своето време“, вели Кардула.

Тој изразува жалење поради тоа што некои од нив се заборавени и напуштени, но се надева дека со своите редизајни ќе ги потсети луѓето на овие ремек-дела кои се распрснати низ земјите од некогашна Југославија.

Извор: Bored panda

ОкоБоли главаВицФото