Груевски поздравен во Градски парк со „Шутка не ти бега Никола“

20.01.2017 09:13
Груевски поздравен во Градски парк со „Шутка не ти бега Никола“

Поранешниот премиер и сегашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ без никаков срам и никакво достоинство се појави во Градскиот парк, каде што млади луѓе се забавуваа на снегот. Истиот беше избркан со песната „Шутка не ти бега Никола!“

Обезбедувањето кое што го следи Никола ме праша „нели е срамота вака кога е со децата?“ - добија одговор кој верувам ви го пренеле, но еве и јавно ќе ви кажам ('ви'-то се однесува на дистанца од секаков вид, не на почит).

Не е срамота, воопшто. Требаше да биде срамота кога го апсеа монструозно Кежаровски пред малолетно дете. Требаше да биде срамота кога ги влечеа и тепaа пратениците во Собрание, а нивните деца гледаа преку екраните. Срамота беше кога малолетната ќерка на лидерот на опозицијата беше сексуализирана во социјалните мрежи од педофили и ваши членови. Срамота беше кога нас крвнички нè млатеа на протести. Срамота е после сите гадости и криминали да си давате за право да шетате меѓу граѓаните како ништо да не било. Најсрамота е што се обидувате да се вадите на децата кога ве потсетуваме каде припаѓате и да ги злоупотребувате за ваша маркетиншка пропаганда. Срамота е што млади луѓе се плашат кога вие ќе се појавите, да не завршат како Мартин Нешкоски.

Срамота е што после сè, законите на оваа држава ве поштедуваат. Но ние сме тука секогаш кога ќе ве сретнеме да ве потсетиме на тоа.

Градот е наш, паркот е наш, слободата е наша и должноста да ви пееме дека вие не припаѓате тука, туку во некое затворено општество - зад решетки.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Дојранлиев

ОкоБоли главаВицФото