Жените кои по ракот на дојка одлучуваат да останат рамни

21.01.2017 12:48
Жените кои по ракот на дојка одлучуваат да останат рамни

„Никој не ми кажа дека навистина постои избор. Отидов кај онколошки хирург и кај пластичен хирург и тие ми рекоа: „Еве што ќе направите.“
Мериен Дикет Куото, 51

Пред операцијата на ракот на дојки, лекарот на Деби Бауерс ѝ ветил дека осигурувањето ќе ја покрие и реконструкцијата и ѝ кажал дека „дури може да добие и еден број поголеми“. Но, таа не сакала ниту силиконски импланти, ниту поголеми гради.

„По дијагнозата, рак на дојки, воопшто не сакав никакво туѓо тело во себе“ – вели оваа четириесетгодишна жена од Пенсилванија. „Сакав само да оздравам“.

Додека пластичните хирурзи и онколозите препорачуваат реконструкција на дојките за жените „повторно да се почувствуваат комплетни“, некои лекари наидуваат на отпор. Пациентките како што е Деби Бауерс одлучуваат да ги пренебрегнат медицинските совети и општествените норми и по ракот на дојки да живеат без дојки, да „останат рамни“, како што велат тие.

„Реконструкцијата не е едноставен процес“ – објаснува д-р Дијана Атај, хирург од Калифорнија, и додава дека сè повеќе нејзини пациентки, особено оние чии гради биле мали, одбиваат реконструкција. „За некои жени тоа едноставно е премногу, премногу е замрсено, има премногу чекори, предолго трае.“

Социјалните мрежи им овозможија на жените отворено да зборуваат за своите одлуки да живеат без дојки, како и за тешкотиите, и телесните, и емоционалните, кои таа одлука ги предизвикува. За неодамна снименото видео на социјалната мрежа Wisdo.com, Деби Бауерс и нејзината педесетгодишна пријателка Мериен Дикет Куоцо ги покажаа лузните на своите рамни гради. Педесетгодишната Полет Липарт од Њу Орлеанс која по обострана мастектомија не можела да се подложи на реконструкција поради нарушување на згуснувањето на крвта, ова лето пешачеше гола до појас, од Мисисипи до Вашингтон за да ја подигне свеста за финансиските тешкотии на болните од рак.
„Не се дојките она што нè прави жени“ – вели таа.

Новонастанатото движење „да останеме рамни“ по мастектомијата, ја здрма повеќевековната претпоставка за женственоста и значењето на закрепнувањето по ракот на дојка. Со години лекарите сметаа дека реконструкцијата на дојките е дел од лекувањето на ракот на дојка. Заштитниците на здравјето на жените побарале изгласување на Закон за здравјето на жените и ракот во 1998 година, според кој секое здравствено осигурување мора да опфаќа протези и реконструктивни зафати.

„Не се дојките она што нè прави жени“

Полет Липарт, 50

Од тогаш реконструкцијата стана стандардна постапка. Минатата година се изведени повеќе од шест илјади реконструктивни зафати, 35% повеќе во однос на 2000 година, покажуваат податоците на Американското здружение на пластични хирурзи. Иако не е познато колкав процент жени се одлучуваат за реконструкција по мастектомијата, една студија од 2011 година зборува дека 63% од кандидатките се одлучуваат за реконструкција. Денес во некои делови на САД тој процент е речиси 80%.

Заговарајќи реконструкција, лекарите ги наведуваат студиите кои покажуваат дека тој зафат го зголемува квалитетот на животот на жените по ракот. Меѓутоа, некои жени сметаат дека лекарите премногу се насочени на изгледот, а недоволно на телесните и психички тешкотии на повеќекратните реконструктивни зафати. Речиси третина од пациентките доживува компликации.

„Тоа е мала валкана тајна на реконструкцијата на дојки: ризикот со сериозни компликации е поголем отколку кај просечните хирушки зафати“ – вели д-р Клара Ли, професорка по пластична хирургија на универзитетот Охајо.

Мериен Куоко, цела година по мастектомијата се обидувала со реконструкција, но по четири инфекции за пет месеци побарала да ѝ се извадат имплантите. „Реконструкцијата“, вели таа, „стана полоша од ракот“.

Додека некои сојузни држави бараат од лекарите да им соопштат на жените дека реконструкцијата на дојки им е достапна, жените велат дека често не се известени за можноста да останат рамни. „Никој не ми кажал дека постои избор“ – вели Мериен Куоко. „Отидов кај онколошки хирург и кај пластичен хирург и тие ми рекоа: „Еве што ќе направите.“

Докотр Дејвид Санг, директор на одделението за пластична хирургија на универзитетот во Чикаго, вели дека сосредоточеноста на можните компликации е слична на сосредоточеноста на падот на еден авион додека „милиони авиони слетуваат безбедно“. Со оглед на напредокот на хируршките техники „естетскиот резултат може да биде подобар од природните дојки“ – додава тој.

По дијагнозата на ракот на дојки, воопшто не сакав никакво страно тело во себе. Сакав само да оздравам и да бидам добро.“
Деби Буерс, 45

Жени кои се помириле со животот без гради

 

Но, изјавата дека реконструираните дојки се подобри од природните би можела да разгневи некои жени кои претрпеле мастектомија. Реконструираните дојки често се нечусвствителни на допир и не играат никаква улога во сексуалното возбудување.

Четириесетиосумгодишната њујорчанка Чарли Шил, која одбила реконструкција на дојките по обострана мастектомија, раскажала дека била „лесно згрозена“ гледајќи ги фотографиите од реконструираните дојки“. „Нема брадавици, а има многу лузни.“

Четириесетгодишната Ребека Пајн која преживеала рак вели: „Тоа е огромен напор за телото, а не ги добиваме назад нашите дојки“.

Ребека се подложила на реконструкција, но нејзината импланта подоцна била извадена. „Најчесто ни на око, ниту на допир не се како нашите дојки“ – изјавила таа. „Нервите се отстранети, па не се чувствува ништо“.

Докторката Мариса Вајс, основач на непрофитната организација Breastcancer.org смета дека лекарите не би требало да претпоставуваат дека секоја пациентка сака реконструкција. „Имав танчерки кои не сакаа реконструкција и калугерки кои ја бараа“ – раскажува таа.

Гери Бариш, претседателка на лонгајлендското здружение 1 in 9, вели дека лекарите ја прекорувале кога ја одбила реконструкцијата. „Еден ми рече: ‘Како можете да одите така? Изгледате деформирано’“ – се присетува таа.

Групите за поддршка и социјалните мрежи им овозможиле на жените да ги споделат со другите своите искуства за стварноста на реконструкцијата. „Многу жени од мојата група за поддршка имале инфекции и беа изненадени од бројот на неопходни операции“ – раскажува четириесетгодишната Алиша Стејли која по обостраната мастектомија останала рамна. „Разговарав со нив и ги прашав зошто си го прават тоа на себе“.

На жените може да им биде многу тешко да се помират со рамните гради по ракот на дојки. Некои носат протези во градниците, но не е невообичаено да престанат и со тоа. „Тешки се, неудобни, и се наоѓаат на чувствително место на кое има лузни“ – вели Ребека Пајн.

Некои жени почнале да носат шалови и огрлици за да ги прикријат градите. Други се обидуваат да го прегрнат својот нов изглед со замрсени тетоважи таму каде што им биле дојките.

Триесетидеветгодишната Сара Бартошевиќ – Хамилтон од Каламазу, во Мичиген ги испробала сите видови импланти, но постојано ја печеле, па ги извадила. Потоа основала виртуелна група за поддршка под името Flat and Fabulous. „Ние не сме против реконструкција“ – вели таа, „но многу жени не ги чувствуваат имплантите како дел од своето тело.“

„Тоа е навистина огромен напор за целиот организам, а го немаме чувството како да сме ги добиле назад своите дојки“
Ребека Пајн, 40

Слики: Beatrice De Gea

Извор: New York Times

ОкоБоли главаВицФото