Почина актерот Гордeн Кеј, славниот Рене од „Ало, ало“

24.01.2017 00:21
Почина актерот Гордeн Кеј, славниот Рене од „Ало, ало“

Британскиот глумец Гордeн Кеј, најпознат по улогата на Рене во комичната серија „Ало, ало“ почина во 76-та година од животот.

Како што соопштува неговиот поранешен агент, Кеј починал во дом за стари лица. Причината за смртта на глумецот сè уште не е позната.

Кеј стекна светска слава во една од омилените серии на овие простори, во која се зборува за нацистичката окупација на Франција, за животот во едно мало бистро, движењето на отпорот и потрагата по славната слика „Паднатата Мадона со големи цицки“.

Серијата ја емитуваше Би-Би-Си од 1982 до 1992 година, а Кеј потоа не се појавуваше често на малите екрани.

За време на снимањето на серијата доживеа тешка сообраќајна несреќа во која доби тешки повреди на главата, а лузните се гледаа и во последните две сезони од серијата.

Горден Кеј за време на студиите работел како радио водител, каде во 1965 година направил и интервју со славните Битлси.

Во својата автобиографија „Рене и јас: нешто како автобиографија“, која ја објави во 1989 година, пишува дека од срамежливо момче од работничко семејство во Јоркшир станал екстравагантниот Рене. Исто така, признава дека најголем удар за него бил кога таблоидите откриле дека е хомосексуалец, и како низ животот се носел со фактот дека е „мало, дебело, геј момче од работничко семејство“.

Британското здружение на глумци по грешка го прогласи за Гордон, иако неговото вистинско име е Горден.

Публиката ќе го памти, меѓу другото, по креативните и комични изговори со кои секогаш се правдаше пред својата сопруга Едит кога е во прегратката на некоја од келнерките.

Извор: B92

ОкоБоли главаВицФото