Трамп е болен, а дали е Груевски здрав!?

30.01.2017 16:05
Трамп е болен, а дали е Груевски здрав!?

Трамп е болен, дали е Груевски здрав!?


Ова го барав за Груевски, а и за некои други личности кои се во ситуација да решаваат за општите работи. За Хорхе, да речеме. Но лекарската фела, со исклучок на проф. др. Чепреганов на општо ниво, одбива да се изјасни како што за Трамп се изјасни американскиот професор од Балтимор. Се разбира, не зашто станува збор за исти болести, туку затоа што се работи за јасни индиции дека номиналните и стварни шефови на македонската држава не се арни, а вршат така важни работи како што е мандатарството, да речеме. Тоа е тежок пораз на лекарската професија во Македонија, во кој јас наоѓам елементи на нивната соодговорност за драмата низ која минува Македонија!

30.01.17.




Гадафи стајл

Слушам дека чудовиштето имало планови е, еф, ге, ха...
Точно!
План е: влегува во скопскиот крематориум и така ја пушта во погон својата најголема инвестиција!
План еф: порачува четири коња и се расчетворува, секој необединет дел на Македонија добива по едно парче!
План ге: бега пред ожесточената маса, наоѓа празна цевка и чека да го извлечат тие што со себе носат стапови "Гадафи стајл"!
План ха: скока од штабквартирата на вмро со пиштол "Смит и Весон" од девет милиметри со кој се упукува три пати кога ќе дојде до првиот кат, за секој случај!

30.01.17.


Предавството како најдобро решение

Најдобро решение за него е да се убие. Со азот или со морфиум, ако сака да не го боли, но ако во вечните ловишта сака да замине спектакуларно, би морал да се запали на клада од осум милијарди евра, да речеме, или да ги шокира лавовите во Зоолошката мачилница со свежа груетина! Ако, пак, сака да поужива во говната што ги испосра низ цела Македонија, тогаш би морал да го свитка мандатот, да го однесе во полициската станица "Беко" и да признае дека тој е манијакот што ја черечи Македонија. Ако и тоа не му се прави, тогаш дежурниот во "Беко", по повик или по службена должност, треба да се качи и да му го земе мандатот и да го симне долу на информативен разговор.
Тоа е динамиката. Сè друго е чисто и неподносливо измачување за него.

30.01.17.

Совети за 29 јануари

Дир Груевски
Ако имате мандат што не сакате да го вратите, кажете дека сте го загубиле или дека некои соросоиди ви го украле, кажете дека сте го заборавиле во кабината број 26 на Панорамското тркало, дека Ивица ви го зел за да се богоцентрира и дека заборавил да ви го врати, дека со мандатот сте ја потпирале едната нога на масата "Кај Ќосето" и дека веројатно сеуште е во најдобрата скопска кафеана, кажете дека не сте имале ни за лек и дека сте го продале за сто милиграми морфиум, дека сте му го вратиле на Хорхе уште кога овој беше во Египет и дека не знаете зошто сега го нема во водњанската хорхециенда, кажете дека никогаш не сте добиле некаков мандат, дека сè се тоа спинови на опозицијата, дека народот ги има прочитано бандитите од СДСМ и дека десоросоизацијата мора да се случи, појдете на доктор, земете потврда, ако случајно ви го најдат мандатот, да имате доказ дека сè се тоа непријатели на Македонија и на македонскиот народ!
Скоту!

29.01.17.


Чекајќи полноќ

Знаете што ме фасцинира најмногу!?
Тоа што и власта и опозицијата и новинарите и јавноста, чекаат да дојде полноќ за да видат дали имаме влада или ќе продолжиме со сегашниот вршител на работите чија задача е во книгите да ги заведува домашните и странските кредити и да ги препраќа за плати и пензии.
Јас би гласал за отправникот.
Сите се однесуваат како непоправливи легалисти, јеботе бог, па то нема ни у Београду! Луѓето во Македонија оставаат впечаток дека просто не сакаат да се најдат контра уставот и законите и тоа е тоа. Дали тоа значи дека Македонија е правна држава? Јок, тоа значи дека уставот и законите постојат само како алиби за неактивноста на опозицијата и само како амбиент за криминалот на власта!

29.01.17.



Ахмети директор на "Идризово"!?

Груевски му понудил на Ахмети да биде директор на "Идризово", но овој одбил со образложение дека така веројатно ќе влезе во судир на интереси. Освен тоа, му рекол Ахмети на Груевски, кој може да издржи да биде директор на " Идризово" толку колку што тебе ќе ти треба!?

28.01.17.

Слики: Свирачиња