Не да победи туку да попушти волјата на народот

30.01.2017 21:51
Не да победи туку да попушти волјата на народот

Значи, да повторам уште еднаш: доследното придржување кон демократската процедура до нејзиниот крај, формирање на нова влада или прогласување на изборите за неуспешни, е во самата суштина на демократскиот процес кој, преку партиите, ја артикулира волјата на народот. Нашата е нова демократија. Учиме следејќи го словото на уставот но и нашиот разум, онаму каде што уставот е недоречен.

Никој не смее да ги прогласи изборите за неуспешни и да бара нови избори пред да се исцрпат сите можности овој парламентарен состав да формира влада. Затоа, претседателот на републиката мора да му го даде мандатот на водачот на втората партија по освоени места во парламентот, СДСМ, или да се обрати со повик до сите партии, со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ кој ја искористи својата шанса, во определен рок, да го информиираат која од нив е во состојба да произведе влада. Дури откога безуспешно ќе заврши и овој дел од процедурата за формирање влада, изборите можат да се прогласат за неуспешни и да се закажат нови.

Толкувањето дека сè завршува со овој обид на ВМРО-ДПМНЕ и дека мора веднаш да се оди на избори е недемократско и расипничко.

Недемократско затоа што не дозволува да се истражи можноста поинаква политичка комбинација да обедини околу себе доволен број пратеници за формирање нова влада, и расипничко бидејќи непотребно би се потрошиле милиони евра, во случај да е можно такво обединување кое ќе биде израз на волјата на поголемиот дел од народот. Што се крие зад оваа искривена недемократска и расипничка логика? Желбата конкретна група луѓе да дојде или да остане на власт. Само тоа и ништо друго. Тоа го знаеме од искуството со стариот систем.

Си спомнувам еден случај од осумдесеттите кога изборите во една синдикална организација, во Охрид, ако не се лажам, се повторуваа сè додека не попушти волјата на народот да гласа за други кандидати од оние определени од единствената партија.

Извор: Плусинфо
Слика: Александар Дојранлиев

ОкоБоли главаВицФото