Сол Стајнберг: насловните за Њујоркер

31.01.17 00:08

Сол Стајнберг (1914–1999) е романски и американски карикатурист и илустратор, најпознат по својата работа во влијателното списание „Њујоркер“ и особено по илустрацијата „Поглед на светот од деветтата авенија“ (View of the World from 9th Avenue, или A New Yorker's View of the World, или едноставно View of the World), која беше објавена во март 1976 година. Илустрацијата е поделена на два дела, едниот ги прикажува деветтата, десеттата авенија и реката Хадсон, а на горниот дел е прикажан остатокот од светот. Овој „њујорк-центричен“ светоглед бил опишан како подбивање, бидејќи сугерира дека остатокот на светот е само предградие на Њујорк.

Постојат голем број имитации и пародии на оваа илустрација. Во 2005 година американското здружение на уредници на списанија, ја вброи илустрацијата на Стајнберг во 40-те најдобри насловни страници во минатите 40 години.

Сол Стајнберг се претставувал себеси како писател што црта.

Извор: The New Yorker

ОкоБоли главаВицФото