Час по летање

31.01.2017 06:01
Час по летање

Една малечка ластовица на својот прв час по летање, сосема неочекувано влета во собата, каде што се обидував да ја научам да полета тукушто напишаната песна.
Толку лет во место, нагло удирање во ѕидот, па нов залет кон плафонот. Превртена наопаку, таа е бела пердувеста празнина, па црна мала чкртаница што го поместува нервозниот курсор на раката и моливот, блиску до прозорецот, веќе стрела кон завесата. Треперат малите пропелери на крилцата како навиени со клуч на механичка играчка, лета, кутрата, неприродно тука, меѓу железните кревети, масата, книгите и моите два куфера. Се сопнува од с
è и собата станува толку мала, неудобна, клаустрофобична и задушлива. Наеднаш го најде излезот и одлета надвор. Собата повторно стана голема.

Извор: Приватни светови, НПМ, Скопје, 2007.
Слика: Марк Пауел

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото