Како Јапонците изградија железничка станица околу едно дрво

02.02.2017 01:30
Како Јапонците изградија железничка станица околу едно дрво

Многу често слушаме како се отстрануваат природните елементи за да се направи место за разни градби и структури. За среќа, оваа приказна од Јапонија го покажува токму спротивното. Северно од Осака, чудната железничката станица е така изградена за да се згрижи големото камфорово дрво, кое расте во самиот центар на станицата.

Станицата Кајашима е помлада од Големато дрво „Кусу“ или „Дрвото на Kајашима“, како што е познато во Јапонија. Оваа станица била изградена во 1910 година, а експертите проценуваат дека големото дрво е старо најмалку 700 години.

Во времето кога била изградена станицата, камфоровото дрво се наоѓало на десната страна од зградата. Но, со зголемувањето на населението, се зголемила фреквентноста и на станицата. Во седумдесеттите години на минатиот век и кај станицата Кајашима се појавила потреба од проширување. Првичните планови предвидувале  едноставно отстранување на дрвото, но ова предизвикало незадоволство кај локалното население.

Долго време, камфоровотот дрво било поврзувано со локалните божества и нивните светилишта, па така и самото, во голема мера, било почитувано од жителите. Неговото вадење предизвикало револт во јавноста и почнале да се шират приказни дека оние што ќе се осмелат да го допрат дрвото, ќе бидат повредени. Така, се зборувало дека некој кој отсекол гранка, истиот ден добил температура, а бела змија, симбол поврзан со многу шинтоистички божества, била забележана обвиткана околу дрвото. Се зборувало дека дури и чад се ширел од гранките на дрвото.

Земајќи ги предвид сите фактори, властите капитулирале и биле подготвени нови планови кои го инкорпорирале големото камфорово дрво во архитектурата на железничката станица. Кога конечно завршила изградбата, во 1980 година, жителите триумфално подигнале и мал храм во основата на дрвото и станицата Кајашима сега ги собира придобивките од својата уникатна архитектура.

Извор:Spoon & Tamago

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото