Јас, Гоцо, мирно спијам... а ти?

08.02.2017 12:04
Јас, Гоцо, мирно спијам... а ти?

Ликвидација, Ровер, Шпион, Керозин, д-р Ставриќ, А1, Детонатор, Мартин, Николче… Сигурен сум дека колку и да се правиш смирена, споменативе случаи не ти даваат мир.

Сите сме и мора да бидеме еднакви пред законот: и автолимари, и бравари, и адвокати и новинари, но и министри и премиери.

Паметиш ли, Гоцо, што одговори на новинарско прашање – дали знаете дека затворивте новинар за напишан текст, еден ден после моето притворање. Еве, ќе те потсетам. Рече: „Паа, што ако си новинар…“

Е, па Гоцо… Шу ако беше министер, ќе си лежиш… богами и тоа поприлично… и тоа како.

Јас, Гоцо, мирно спијам… Знаеш ли зошто?

Ќе ти кажам, црна Гоцо. Ве фатив живи за на НПК, се сеќаваш? Ве фатив живи за фалсификатите во одбрана, за обидот да ја трансформирате Воена болница, за криминалот со хеликоптерите, за Злетовица, за метадонот, за златото во Катланово, за сообраќајката на Младенов и за „семејното стебло“ на Иванов… и многу други помали работи. И после секој мој текст ми праќаше полиција на врата. Ама јас сум силен, не се жалев никому и мирно спиев.

А ти, Гоцо, не те прашувам дали мирно спиеш, туку дали можеш воопшто да спиеш?

Ликвидација, Ровер, Шпион, Керозин, д-р Ставриќ, А1, Детонатор, Мартин, Николче… Сигурен сум дека колку и да се правиш смирена, споменативе случаи не ти даваат мир.

Некој можеби на тебе и твоите „претпоставени“ и ќе ви прости, ама јас… те уверувам, никогаш.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Странски служби