Марко и Мухамед

14.02.2017 13:37
Виц икона

Марко и Mарио талкаат низ пустина, веќе на крајот на силите, гладни и жедни. Одеднаш среде пустината гледаат џамија.
Марко вели:
-Ајде таму да бараме нешто за јадење и пиење, не можам веќе, ќе умреме.
Марио одговара:
-Може, ама ќе се претставиме како муслимани.
Марко:
Не сакам, макар да умрам од глад и жед.
Марио:
-Како сакаш. Главно, јас од сега сум Мухамед...
Влегол во џамијата, а таму седи еден човек.
-Здраво, јас сум Мухамед, а ова е мојот пријател Марко. Ме интересира дали можеме да добиеме храна и пиење, исцрпени сме и гладни.
Овој ги погледнал и повикал некој свој пријател што седел во џамијата и му рекол:
-Донеси му на Марко да јаде и пие што сака, а ти Мухамед, брате, знаеш дека е Рамазан...

ОкоБоли главаВицФото