Шума од броеви

15.02.17 13:26

По повод прославата на 10-годишнината од отворањето на Националниот центар за уметност во Токио, француската архитектка и дизајнерка Емануел Моро доби задача да го уреди изложбениот простор од 2.000 метри квадратни.

Користејќи светло обоени броеви од хартија, оваа уметница ја создаде интератктивната и имагинативна инсталација „Шума од броеви“.

Калеидоскопската изложба е составена од 60 илјади хартиени исечоци во форма на броеви. Секое парче претставува цифра од 0 до 9, а парчињата се подредени во десет висечки блокови закачени на таванот. Секој блок симболизира една година од декадата 2017-2026, а прошетката на посетителите низ „Шумата од броеви“ добива и симболика на патување низ времето и во иднината.

Извор: Design Boom

ОкоБоли главаВицФото