Боенка посветена на бруталистичката архитектура

16.02.2017 04:01
Боенка посветена на бруталистичката архитектура

Во последно време, во светот голема популарност стекнаа боенките за возрасни. Меѓу најновите кои се појавија на пазарот е и Бруталистичката боенка која им оддава почит на најдобрите достигнувања на бруталистичката архитектура.

Таа е дело на белгискиот дизајнер Марк Томасет кој живее во Брисел. Во Бруталистичката боенка се вклучени објекти од повеќе градови, меѓу кои Сан Диего и Брисел, а се појавува и Споменикот на револуцијата во Подгариќ, дело на Душан Џамоња.

Боенката може да се набави на интернет страницата на издавачот.

 

Извор: tmsprl.com

ОкоБоли главаВицФото