Ние сме немоќни пред полицијата!

19.02.2017 20:48
Ние сме немоќни пред полицијата!

Вчера, излегувам од диско со другар. На улица, дете со повреда на главата. Просело, некој монструм го мавнал со шише. Го носиме во болница, да ја средат раната, со нас е неговото братче. Во болницата „8-ми Септември“, прекрасни. Ја средуваат раната, им даваат за јадење, се грижат и за нас. Процедурално, мора да викнат полиција. Чекаме полиција два саати, се јавуваме во полициска станица Карпош, да побрзаат. Доаѓаат, и велат дека кај нив нема пријава, затоа што се случило во Општина Центар. Полицајците од Карпош се максимално коректни, но немаат ингеренции да го решат случајот. По 45 минути чекање, односно два саати и 45 минути откако е пријавен случајот, доаѓа полиција од Центар. Со нас и со децата се однесуваат како со криминалци. На децата им викаат: „Вие сте краделе од џепчиња“, без да ги прашаат за повредата. Ни зборуваат со стиснати вилици. Среќа што не им се плашам, па инсистирам децата да бидат однесени дома. Мали деца, уплашени. Ние бесни.

Уште сум бесна! Ало бре, дете беше повредено!!! Полицијата која треба да ме заштити се однесува кон мене како со криминалец, затоа што сум помогнала на дете! Секоја чест на полицајците од Карпош, не генерализирам дека сите полицајци се лоши. Ама таквите насилни, бутнати гниди треба да одговараат! Криминалци шетаат слободно, насилници по институции. Не се чувствувам безбедно во сопствената држава! До таму сме стигнати.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Georges d' Ostoya (1903 г.)