Симетрија

21.02.2017 11:58

Лежиме сè подалеку еден од друг. Истиот
кревет, истата постела, но сè потаму.
Како цвет што го опрашуваат лилјаци, креветот
се развлекува секоја вечер - на спротивни сме
чаршафи. Непрестајно сè потаму. Лежиме оддалечени еден од друг.
Рацете не можат да ни се досегнат, стапалото да се допре со стапало
- од твојот брег се слушаат златните жолни и предењето
на дивите мачки, на мојот се гледаат птици нуркачки и, ретко,
хермелин кој клиснал во честарот на постелата.
Сè е пошироко. Камените кастели и слузта,
претрупаните пристаништа, градините, бескрајните пустини.

Секој од својата страна на ноќта. Паралелни
во осама и тишина. Не можеме да се довикаме,
не можеме да стоиме и ослушкуваме над амбисот.
Разврзани врвци, разлабавени рими.
Поблиску до вратите и прозорците отколку до себеси. Спиеме.

Превод: П. В.

Јацек Денел (Jacek Dehnel, 1980), полски поет, прозаист, преведувач, сликар, пишува во духот на неокласицизмот, добитник на повеќе награди, преведуван. Збирки: Паралелни животи, Експедиција на југ, Контролен екран, Пофалба на минливоста, Стихови (1999-2004), За миг на окото сечило, Рубрика на загубите и добивките.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото