Библиомобили – библиотеки на тркала

21.02.2017 12:38
Библиомобили – библиотеки на тркала

Отворен библиомобил, 1925 година

Долго време пред Амазон и други дистрибутери на дигитални книги, библиомобилите беа единствените превозни средства кои ја носеа литературата до самиот праг на домовите на луѓето. Нивната мисија беше да ги обезбедат со книги оддалечените села и градски населби кои немаа библиотеки. Ве покануваме да се присетите на овие речиси заборавени подвижни библиотеки од минатото.

Првиот библиомобил на Народната библиотека во Синсинати, 1927 година

Првиот библиомобил се верува дека се појавил во Варингтон, Англија во доцните 1850-ти. Тоа бил пајтон, и во него биле складирани 12.000 книги во текот на првата година. Подоцна, мобилните библиотеки почнале да се инсталираат во возила и својата најголема популарност ја достигнуваат во средината на дваесеттиот век, кога стануваат дел од современиот начин на живот.

Мобилна библиотека во Курдистан, Иран, 1970 година 

Иако библиомобилите сè уште се користат во некои делови на светот од страна на библиотеки, училишта, активисти и други организации, тие се сметаат за застарен начин на услуга поради високите трошоци, напредната технологија и непрактичност.

 

 

Внатрешниот изглед на еден библиомобил, 1960 година

Еден од библиомобилите во сопственост на јавните библиотеки, 1948 година

Библиомобил во Индонезија, ран дваесетти век

Библиомобил на Комптон роуд, 1933 година

Библиомобил во Северна Каролина, 1936

Библиомобил во Вашингтон, 1900 година. Еден од првите американски библиомобили, направен во 1905 година, уништен од воз во 1910 година.

Библиомобил караван, една од првите патувачки библиотеки, 1920 година.

Библиомобил, 1999 година

Библиобус со поглед, 1967 година

Извор: www.boredpanda.com

ОкоБоли главаВицФото