Едно време сакав да им се придружам на вмроните...

21.02.2017 14:25
Едно време сакав да им се придружам на вмроните...

 

Модернизација и примитивизација

Уште Љупчо Георгиевски се обидуваше да ја модернизира партијата. Се сеќаваме сите на патот од солунскиот до кичевскиот конгрес. Изборот на Груевски за наследник беше израз на тој стремеж кон модернизација. Груевски се обиде да ја модернизира партијата со нејзиното враќање кон таканаречените изворни принципи. Интересен обид. И така натаму!

Секој обид за модернизација завршуваше со натамошна примитивизација. Тоа е така поради надвременската и надперсонална, историска, можеме да ја крстиме, страст на партијата кон патетичното, позерското, фолклорното, архаичното, кон примитивното како своја суштина.

Мислам дека ВМРО не може да се модернизира. Ако некој сепак успее да го оствари тој подвиг тоа ќе биде второто име на смртта на ВМРО. Односно, ВМРО може да се модернизира само ако се самоубие, ако самоубиството го разбере како чин на сопствената модернизација!

Со магарето можете да се спуштите од Кнежје на пазар во Свети Николе. Не можете со магарето да учествувате на „Лонжин купот“ во Хонг Конг. За тоа натпреварување ќе мора да си купите убав полнокрвен арапски коњ!
19.02.17.

Не бил Сашо Мијалков туку Фил Колинс

Мухи,

Си направил животноопасна грешка кога си се јавил или си отишол да резервираш маса. На тој начин ти си ги открил своите планови, правците на своето движење и местото на своето задржување. Дебекато тоа го разбрало како предизвик на кој не смее да му одолее.

Ако баш мораш да резервираш маса, јас ти препорачувам три начина: едниот е со гулаби писмоносители, како кај Форест Витекер и Џим Џармуш, вториот е пристапот на Џејсон Статам, во тој пристап, резервираш маса во кафеана во која претходно си поставил темпирана бомба, во казанчето во вецето, да речеме!

Потоа во договореното време ја активираш експлозивната направа со телефонски повик при што можеш да си седиш дома и да гледаш во тоа време слалом од Сент Мориц или можеш да се доближиш до местото на настанот и да правиш убави снимки што потоа ќе му ги продадеш на сиенеен. Третиот начин е начинот на Стивен Сигал, влегуваш во договореното време и правиш ршум во кафеаната.

Инаку, не се сомневам дека сега ќе се јават од дебекато со тврдења дека типот што седел во твојата кафеана не бил Сашо Мијалков туку Фил Колинс, а типовите што те нападнале дека не биле телохранителите на Сашо туку басистот и тапанарот на Фил Колинс.
19.02.17.



Тенкју Ивица!

Од упатствата на Ивица во врска со карневалот во Рио, најсилен впечаток ми остави сугестијата да не се пружа отпор во случај на напад, тоа е така убаво хармонизирано со македонскиот карактер, браво Ивица, плус многу ме бендиса тоа што на градоначалникот на Рио ќе му биде врачен вевчански пасош како симбол на врската меѓу вевчанската грозотија и бразилската самба што исто така е убав израз на македонската карактерна особина позната под името умисленост. Морам да кажам дека не ми значат ништо предупредувањата околу вакцините затоа што луѓето кои се во состојба да го преживеат вмровитисот ќе поминат покрај зика вирусот како покрај пичкин дим. Но, сееено, тенкју Ивица, нацијата никогаш нема да ја заборави твојата трогателна грижа!
19.02.17.

Добро ни оди

Едно време сакав да им се придружам на вмроните, мислев дека заедно ќе можеме побргу да ја уништиме оваа мачилница, но многу бргу ми стана јасно дека пред муфљузите без моќ и стил, Македонија е, всушност, неуништлива! Па, како и сите опортунисти, отидов на страната на Македонија, во надеж дека со заеднички сили ќе ги уништиме злотворите од вмрото! Мислам дека добро ни оди!
19.02.17.

Потивко

Не, господа, државата не ви должи ништо, вие и должите на државата!

Вие можеби имате некакви побарувања од Злосторничкото здружување на вмро, но тоа е друга тема.

Односно тоа е прва тема: вие сте знаеле или сте можеле да знаете дека соработувате со злосторници! Тоа значи дека колку се поголеми вашите побарувања, толку е поголема вашата одговорност за драмата не на вашите финансии, туку на Македонија!

Потивко!
18.02.17.

Оваа власт не ни личи!

Пишете вака:

Панорамско тркало не направија, граѓанска војна не направија, војна на светот не му објавија, Бејли не го избркаа, Заев не го уапсија, Македонија ја упропастија, но не ја уништија, десоросоизација не направија, Никола Младенов не го убија, Диво Насеље не го режираа, со Смилковско езеро немаат врска, денар пара не украдоа, Космос не го урнаа, едни избори не украдоа, Марко не е нивен човек само е будала, правда нема зашто тие немаат никакво влијание врз правосудството, немаат едно евро провизии земено, плацеви и станови јок, фирми ни за лек...

Добро, кој кур правевте единаесет години, бе, Николае, како човек да гласа за една ваква немакедонска по карактер фамилија!?

16.02.17.


Слики: Свирачиња