Возач на службен автомобил добил службен возач

22.02.2017 10:34
Возач на службен автомобил добил службен возач

Скопје, 22 февруари 2017

Горан Левковски, возач на службен автомобил во Агенцијата за заштита од издувни гасови, во иднина многу побрзо и полесно ќе стигнува на своето работно место, зашто фирмата му доделила службен возач.

„Понекогаш автомобилот го оставам на паркингот на фирмата и потребно ми е доста време за да стигнам на работа. Знаете и самите дека сообраќајните гужви во градот се многу чести, градскиот превоз понекогаш не функционира најдобро, па се случува патувањето до работното место да стане вистинско мачење“, раскажува Владимир.

„Поради сето тоа се појави потреба од службен возач кој ќе го скрати времето кое го минувам во превоз. Надредените покажаа дека имаат слух за проблемите со кои се соочувам, отворија ново работно место и вработија лице кое ги исполнува сите професионални стандарди“, нагласува Левковски.

Во Агенцијата за борба против издувни гасови велат дека ваквиот потег е дел од рационализацијата и дека на фирмата ќе ѝ донесе значителна финансиска заштеда.

„Наша првенствена цел е да го направиме функционирањето на претпријатието што поефикасно и поекономично. Со ангажирање на службен возач обезбедивме мојот службен возач да доаѓа на работа побрзо. Со самото тоа, тој ќе биде поодморен, што ќе му овозможи целосно да се концентрира на својата работа. Покрај сето тоа, претпријатието со ваквиот потег ќе ги заштеди парите кои му ги плаќаше на Горан за месечен билет во јавниот превоз“, истакнува Андреј Митров, директор на оваа компанија.

Автомобилот кој ќе биде користен за оваа намена е купен во редовна тендерска процедура, а возачот кој ќе ја извршува оваа одговорна задача во моментов се наоѓа на ВД функција, што ќе потрае сè додека не се распише конкурс.

Извор: Njuz