Куќа

22.02.2017 13:05

Кога се пресели ‒ куќата ѝ се виде
непријатна. Многу долго ги бараше
излупените предмети, беше
невозможно да се најде клопчето.
Се случуваше да не се видат
со недели. Исчезнуваа по собите.
Посебно во собата на будењето со црната
билка ползавица. Понекогаш легнуваше
помеѓу стебленцата и им дозволуваше во нејзе да враснуваат:
малкуцка да се опиваат, благо да се вкоренуваат.
Тогаш слабееше, беше побледа.
Меѓутоа подобро ја разбираше куќата.
А и куќата одеднаш ѝ дозволуваше
да ги користи подрумите, поткровјата.

Превод: П. В.

Агњешка Волни-Хамкало (Agnieszka Wolny-Hamkalo, 1979), полска поетеса, перформерка, авторка на стихозбирките: Мошне барана, Госпел, И не сонувам.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото