За кој кур би се тепале за Груевски!?

01.03.2017 00:37

Ти си му дал сè, држава, институции, власт, војска, полиција, дебека, пари, доверба, надежи, страст, љубопитство, цели десет години, да прави што сака, само да нè усреќи, макар малку, а тој ти вика дека од власт го симнал еден амбасадор!

Чекај малку, па ти не си смеел да дозволиш да те симне еден амбасадор, а ако веќе си дозволил да те симне, ти си или глуп или си некомпетентен или си ждрапнал дебело во зоната на велепредавството!?

И тоа не е сè!

Тој бара народот да се испотепа меѓу себе за да го врати на власт за да ги штити националните и државни интереси!?

Чекај малку, па ти кога си дозволил да те собори еден амбасадор, на најгруб начин си ги изневерил тие интеререси по дефиниција!

И тоа не е сè!

Ако се испотепаме и ако те вратиме на власт, какви гаранции имаме дека утре нема да те симне некој конзул!? Или портир?! Или возачот на амбасадорот на Тринидад и Тобаго!?

Сакам да кажам, имате ли, драги мои чипирани идиоти, одговор на прашањето: за кој кур би се тепале вие односно ние за него!?

Бранко Тричковски, Фејсбук, 26.02.17.