„Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти“

03.03.2017 22:18

"...Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители, јас сум душман татковински, јас сум предавник.

Ако татковината се вашите чифлизи, ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот, ако татковината е умирање од глад покрај патот, ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото, ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам, ако патриотизмот се канџите на нашите газди, ако патриотизмот е образование со копје, ако патриотизмот е полициското ѓубре, ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот....

Ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина, тогаш јас сум предавник.

Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:

'Назим Хикмет сè уште продолжува да биде предавник!'

(Назим Хикмет Ран)

Стефан Ристић, Фејсбук, 03.03.17.