Хипстер од платежна картичка преминал на чекови

08.03.2017 11:31
Хипстер од платежна картичка преминал на чекови

Скопје, 8 март 2017

Горан Јорданов - Џо, амбиентален музичар и хипстер од Центар, денес официјално одлучи да престане да ја користи својата платежна картичка и отсега сите поголеми набавки да ги извршува плаќајќи исклучиво со чекови, дознаваат Пара вести.

Тој вели дека платежната картичка нема душа зашто создава чуден и неприроден однос помеѓу човекот и машината во која се внесува пинот и дека сите луѓе би требало да се вратат во оние убави времиња кога се пишуваа чекови.

„Во современото потрошувачко општество сè стана премногу брзо, не стигнуваме да оствариме каков било однос со работите што ги купуваме и средството со кое ги плаќаме. Сè се сведе на внесување пин од четири бројки, што ми е ужасно. Единствен начин да се вратиме на својата природа е повторното користење чекови“, изјави овој млад хипстер и додаде дека едвај чека да земе чекови во банката. Напоменува дека баш вчера купил едно преубаво старо пенкало, кое ќе го користи само за оваа намена.

„Да не ме разбере некој погрешно, сè е убаво во мојата Сосиете женерал банка, картичките, мобилното банкарство, онлајн експозитурите, видео повикот со банкарство, но, како што вели народот, чек си е чек“, вели нашиот соговорник.

„Едвај чекам кога ќе купувам органска храна да почнам да пишувам чек. Тоа не само што го подигнува односот на купувачот и стоката на повисоко ниво, туку создава и посебна врска со останатите муштерии кои стојат зад вас и гледаат до каде сте стигнале со пишувањето, па уште на крајот и сите почнуваат да ве бодрат. Исто така, многу е возбудливо и консултирањето со продавачот околу тоа кој датум да се стави. Едвај чекам, ме фаќа возбуда додека зборувам за ова“, вели Џо, кој напоменува дека неодамна мислел дека нема поубав мирис од старите книги и пличи, но пред неколку дена, кога еден постар колега хипстер му го покажал својот прв чек, сфатил дека ништо не мириса толку убаво како чековите.

„Планирам да ги носам чековите така што малку ќе ѕиркаат од џебот. Се надевам дека се од рециклирана хартија, инаку нема да ми одговараат на стилот“, поентира Џорџ.

Извор: Njuz