Норвешки сајт воведува правило: нема коментирање додека не се прочита целата статија!

14.03.2017 01:24
Норвешки сајт воведува правило: нема коментирање додека не се прочита целата статија!

Медиумска компанија од Норвешка на одредени страници од својот портал воведе ново правило - не можете да напишете коментар додека не го прочитате целиот текст.

А како ќе знаете дали посетителот на страницата навистина ја прочитал статијата? Воведено е задолжително пополнување тест!

Новата опција во моментов се испробува на мал број страници, главно на оние посветени на технологијата.

Тестовите не се премногу сложени, туку само покажуваат дека читателите барем фрлиле поглед на текстот пред да потрчаат на дното од страницата.

„Ако сите се согласиме околу тоа за што зборува статијата, тогаш ќе имаме и многу подобра основа за коментирање на напишаното“, наведува Стале Грут, еден од новинарите на сајтот NRK.

Извор: BBC

Слични содржини

Општество / Јавни простори / Технологија
Активизам / Технологија / Екологија / Теорија
Свет / Технологија / Уметност
Технологија / Живот

ОкоБоли главаВицФото