Еврејска квир уметница која пружала отпор на нацистите и создала извонредна уметност

17.03.2017 03:23
Еврејска квир уметница која пружала отпор на нацистите и создала извонредна уметност

За Клод Кахун, да се спротивставиш на нормалноста бил доживотен стремеж. Родена е во 1984 година, како квир пионерка, уметница која работела со колажи, фокусирана на испитувањето на идентитетот и родовата флуидност, но важно е да се спомене и дека е Еврејка, борец против нацистите. Нејзините портрети се концентрирани токму на испитувањето на идентитетот, а нејзиното реоткривање во 90-тите години упатува на тоа дека отпорот на едно лице може да има влијание и низ вековите.

Како ќерка на истакнат еврејски издавач, Кахун е родена како Луси Рене Матилде Швоб во Нант, Франција. Но, на возраст од околу 18 години, веќе започнала со лични портрети и идентификација со својата андрогина претстава, под серија псевдоними, а најдолго задржувајќи се токму на „Клод“. Таа се идентификувала извесно време како а-родово лице и ја користела фотографијата како медиум преку кој се канализираат комплексните релации на бинарните, и јавни и лични, идентитети. Овие концепти стануваат познати по Синди Шерман и Леи Бауери, но за предвоена Франција тие биле дотолку прогресивни, дури на ниво на неразбирање.

Развивањето на Кахун како уметница, e паралелен процес на интелектуалните размени во завојуваниот Париз, но нејзините интереси и достигнувања остануваат периферни и доминирани од машките кругови на надреалистите, кои тогаш биле актуелни на сцената. Во 1937 година, Кахун и нејзината долгогодишна уметничка и романтична партнерка Марсел Мур („l’autre moi“ на Кахун), се обиделе да побегнат заедно од анти-семитскиот Париз. И покрај тоа што, технички тие биле полусестри (мајката-вдовица на Мур била омажена за разведениот татко на Кахун), и нивното заедничко живеење не привлекувало внимание. И двете станале активен дел од француското движење на отпорот - Association des Écrivains et Artistes Révolutionnaires, користејќи ги своите дизајнерски способности, преку кои биле подготвувани и дистрибуирани летоци со антивоени пораки, кои биле оставани во џебови од капути или на маси и столови.

Во 1944 година, Кахун и Мур биле уапсени, затворени и осудени на смрт за непочитување на авторитетот на нацистичката власт. Поголем дел од делата на Кахун биле конфискувани и уништени, но нејзиниот и животот на нејзината партнерка биле спасени откако војната завршила во 1945 година. Кахун продолжила со својата уметничка професија до крајот на нејзиниот живот.

Извор: lgbti.mk

Слични содржини

Фотографија / Квир / Историја
Фотографија / Gif / Теорија / Историја
Фотографија / Балкан / Историја
Фотографија / Историја

ОкоБоли главаВицФото