Johnny B. Goode

21.03.17 10:11

Легендарниот Чак Бери, еден од основачите на рокенролот, почина на 18 март на 90-годишна возраст. Влијанието што го изврши овој рокенрол херој врз музичката историја на 20-от век (па и потоа) е огромно, а неговите песни како „Maybellene“, „Roll Over Beethoven“ и „Johnny B. Goode“ имаат статус на класика.

На својот 90-ти роденден Чак Бери најави нов албум, просто насловен како „Чак“, кој би требало да се појави во текот на годинава.

Во чест на легендарниот Бери, претставуваме ретка снимка од една изведба на „Johnny B. Goode“ - заедно со Чак Бери свират: Кит Ричардс, Брус Спрингстин и Ерик Клептон.

Слични содржини

Книжевност / Музика / Око
Музика / Око
Музика / Око / Музички спотови
Музика / Око / Музички спотови

ОкоБоли главаВицФото