Седмо издание на Филозофскиот филмски фестивал

23.03.2017 12:22
Седмо издание на Филозофскиот филмски фестивал

Од 30 март до 7 април во Кинотека на Македонија ќе се одржи седмото издание на Филозофскиот филмски фестивал.

Во деветте фестивалски денови на првото интернационално издание на Фестивалот ќе имате можност да погледнете 34 долгометражни и краткометражни филмови од целиот свет, да проследите предавања и дискусии на бројни филозофски теми и да влезете во отворена дискусија со познати професори, режисери и интелектуалци од Македонија и странство.

Годинава покрај Ревијалната програма која е со некомпетитивен карактер и на која ќе има гости од Македонија и странство, фестивалот ќе понуди и две селекции на филмови – Селекција на долгометражни филмови и Селекција на краткометражни филмови. Фестивалските селектори, професорите Кирил Трајчев и Ана Опачиќ, направија внимателна селекција на филмови кои се филмски квалитетни и филозофски релевантни. Во Селекцијата на долгометражни филмови ќе имате можност да погледнете седум филмови од Киргистан, Австрија, Грција, Романија/Литванија/Молдавија, Иран, Грузија и Полска. Краткометражните играни филмови исто така доаѓаат од сите страни на светот, и во две вечери – 2 април (недела) и 4 април (вторник) македонската публика ќе има можност да ги погледне во Кинотеката на Македонија.

Филмовите од Селекцијата на долгометражни филмови и Селекцијата на краткометражни филмови ќе се натпреваруваат за две награди – наградата „Златен був“ за најдобар долгометражен филм од жирито и публиката, и наградата „Златен був“ за најдобар краткометражен филм од жирито и публиката. Жири на селекцијата на долгометражни филмови годинава ќе бидат: проф. д-р Иван Џепароски, проф. д-р Александар Прокопиев и проф. Владимир Блажевски. Жирито на краткометражни филмови, пак, го сочинуваат: доц. д-р Вангел Ноневски, Марија Џиџева и Петар Волнаровски.

На линкот подолу можете да ја преземете целосната програма на фестивалот.

ПрилогГолемина
Преземи726.4 KB

ОкоБоли главаВицФото