СЈО отвори четири нови истраги за финансиски криминал

23.03.2017 12:49
СЈО отвори четири нови истраги за финансиски криминал

Специјалното јавно обвинителство отвори четири нови истраги против четири лица за финансиски криминал.

Новата истрага се однесува на времето од 2008-2015, период кога Управата за јавни приходи и Министерството за финансии, кои не само што не ги извршувале своите законски обврски, туку дозволиле поединци и други министерства да работат спротивно на законот, со што физични и правни лица се стекнале со имотна корист на име на Буџетот, рече денеска специјалната обвинителка Катица Јанева.

Како што рече обвинителката Катица Јанева, СЈО обезбедило материјални и вербални докази со кои според нив ќе се утврди на кој начин се перени пари во буџетот на Република Македонија и како овие пари завршувале во џебовите на функцинери на власта.

Првиот предмет „Табла“ се однесува на злоупотреба на службена положба од директорот на основното училиште „Реџо Ружит Зајази“ од село Зајас во 2006 година. Без постапка за јавна набавка осомничениот на фирма од Кичево и овозможил противправна имотна корист од 200.000 евра.

Предметот „Триста“ се однесува на злоупотреба на службена положба од помошник министер на МВР во врска со јавна набавка за триста возила и притоа го оштетил буџетот за 453.570 евра.

Предметот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на физичко лице кое било сопственик и управител на неколку маркетинг агенции „Тотал“ ДООЕЛ Скопје, „Медиа макс“ и „Тотал медиа центар“ ДООЕЛ Скопје.

Предметот „Тифани“ се однесува на физичко лице како сопственик и управител на „Смарт центар ДООЕЛ експорт импорт Скопје“ и агенцијата „Смарт“.

Извор: 24 Вести

Слика: Били Даркарт