Мапирање на македонскиот национализам (1)

14.07.2010 13:41
Мапирање на македонскиот национализам

Македонски национализам?!

Во македонските дебати, меѓу термините кои предизвикуваат тензии со самото нивно споменување спаѓа и македонскиот (етно)национализам. Едни тврдат дека таков национализам не постои, поради тоа што "Македонците се мирен народ и никому не згрешиле“.

Други, пак, тврдат дека тој национализам е бениген и пред се појавен како резултат на околните национализми на Балканот.

Оние кои го негираат постоењето на посебна македонска нација или етнос, тврдат дека самиот термин е оксиморон.

Сепак, онаму каде што има нација, има и национализам; а отварањето жестоки дебати околу идентитетот, потеклото и единството на Македонците, ловот на предавниците и распространувањето на содржини од типот на “Македонската молитва” па сè до печатењето на најразлични маички (особено впечатливи ми се оние со Sвездата од Вергина на црна позадина со испишано “национален социјализам”) се дополнителни показатели за тоа дека национализам не само што постои, туку се случува и негова мобилизација.

Но како би го мапирале македонскиот национализам, особено неговата политичка пројава? Тоа е еден широк поим, и основен методолошки параметар при неговото истражување треба да ни биде неговата не-хомогеност (односно хетерогеност) – што е одлика и на секој национализам воопшто. Како дискурс, тој е придвижен и од конкретни државни мерки, но и од импулси од не-државни актери, особено граѓани и граѓански формални и неформални организации кои може, но и не мора да се нужно синхронизирани.

Од друга страна, особено впечатлива е и раслоеноста на македонскиот национализам во поглед на неговите историски наративи и позиционирање. Во еден претходен текст објавен на страниците на "Глобус“ ги предочив трите главни дискурси: "класичниот“ македонизам инспириран од Крсте Мисирков и словенското наследство; анти-Македонизмот базиран на делото на историското ВМРО и на идејата за "враќање“ на бугарската свест кај етничките Македонци; и неомакедонизмот, односно ревидираниот македонизам кој се базира на идејата на континуитет од "македонскиот неолит“ до денес, во која клучна улога има наративот за античка Македонија.

Впрочем, денес може да сретнeте македонски националисти кои не се идентификуваат со Александар Велики, и може да сретнете националисти кои само селективно ги одобруваат некои од восочните фигури кои ќе се постават во музејот на ВМРО, или само дел од скулптурите кои ќе се постават на мостот "Око“ (за волја на вистината, голем дел од тие личности се непознати за пошироката јавност).

Антрополошки интересно е да споменат македонските националисти кои се изрично неправославни. Некои припаѓаат на други вероисповести, некои се атеисти кои развиле голема одбојност кон МПЦ, а може да се сретнат, иако ретко, и луѓе кои ги евоцираат паганските божества и обичаи (и словенски и античкомакедонски).

Многу пати, различни македонски националистички фракции дури и се конфронтираат меѓусебно поради различното толкување на историјата - најчесто за подобноста на одредени историски личности (припадници на ВМРО). На крајот на краиштата, за секој Македонец, самото "бидување Македонец“ значи различни работи - од тоа да се биде потомок на античките кралеви, да се живее во Македонија (со нејзините природни убавини), да се биде припадник на библиски народ, да се има Тоше Проески и така натаму.

Кај голем број националисти, пак, идентификацијата како припадник на македонската нација не е нужно поврзана со државата Македонија, туку со замислената заедница од Македонци. Па така, ретко кој споменува 30-40.000 бугарски државјанства издадени на македонските граѓани (под оправдување дека тоа било од материјален интерес), но секое јавно дискурзивно “бугарофилство” е исложено на напади и омаловажувања. Бугарското државјанство претставува проблем единствено ако коинцидира со нечие јавно “бугарофилство”, како на пример во случајот на Љубчо Георгиевски.

Од друга страна, ги имаме здруженијата на бегалците од грчка Македонија, популарно наречени “Егејци”, кои иако важат за прилично тврди во односите со Грција и поради колективното сеќавање и повеќекратната виктимизација се можеби најсилно анти-грчки расположени од сите македонски граѓани. Меѓутоа, едно од основните барања на овие здруженија е здобивањето со грчко државјанство.

А дека во Македонија често пати Македонец не е македонскиот граѓанин туку оној кој ги прифатил етнонационалните наративи, најдобро покажува случајот на Борис Трајанов, кој иако германски државјанин (без македонски пасош) стана еден од политички најекспонираните уметници, со прилично “тврди” ставови по националните прашања. Во една прилика тој ќе рече: "Сите мои дејанија покажуваат колку голем Македонец сум, за разлика од некои што го имаат македонското државјанство, а не се чувствуваат многу Македонци".

Сепак, и покрај шареноликоста на македонските национални чувства, и покрај различните начини на замислување и доживување на "македонштината“, кога станува збор за политичкиот аспект на македонскиот национализам може да говориме за одредени наративи кои се истакнуваат над другите, пред сè во поглед на нивниот интензитет и институционализираност. Два такви клучни наративи се етничкото поимање на македонската нација, и латентниот иредентизам, или идејата за "Обединета Македонија“, поврзани со тенденцијата да се доживува "македонската нација“ како составена од етничките Македонци кои живеат во, но и надвор од државата Македонија.


ВЕП Иредентизам

Идејата за “Обединета” или “Голема” Македонија спаѓа во типот на имагинации за “изгубените историски земји”. Како што постојат концепти за Илирида, Сан-стефанска Бугарија, Велика Србија и така натаму, така постои идејата за обединување на трите дела на Македонија.

Големомакедонскиот занос во исто време побудува чувство на грандиозност и на огорченост кон историските неправди – големата Македонија е замислена како некогаш и навистина да постоела како посебна современа држава која била развиена и на која и' претстоела светла иднина, но поради заговорот на душманите за време на Балканските војни била неправедно “распарчена”. Идејата за таква Македонија е институционализирана - таа е вклучена во училишни учебници и претставува неизбежен дел од индоктринацијата на младите умови. Неизоставен дел од учебниците во основното и средното образование се живописните карти на таквата голема Македонија, со подадените раце од сите четири соседни страни кои ја “грабаат” нејзината територија.

Сепак, она што се прескокнува во презентацијата на концептот на таквата Македонија е фактот што таа никогаш не постоела како политичка единица, ниту пак отцртува(ла) граници на одредено хомогено и компактно население. Всушност, многу поприземно историско објаснување за познатата визуелизација, односно картата која ја отцртуваат територијата на таа замислена Македонија, е дека таа е производ на имагинацијата и романтичарскиот занес на 19-вековните национални дејци. Во принцип, таа визуелизација му се припишува на Димитрија Чуповски, кој се смета за еден од втемелувачите на македонизмот. Понатаму, во периодот, пак, кога се вели дека таа Македонија била “распарчувана”, била всушност дел од Отоманската Империја. Па така, идеите за ревизија на Букурешткиот договор (фамозните одредби со кои тој добива привремено траење), доколку би се оствариле, би ја вратиле целата таа територија “под турско”.

Обединувањето на територијата е концепт кој е неминовно поврзано со обединувањето на етничката македонска нација распространета на сите три дела на Македонија. Различните замисли за македонска нација во минатото биле вметнувани во политички платформи, меѓутоа, најконкретна форма на политичка цел добиле во прогласите на АСНОМ и во политичката платформа на властите непосредно пред и по конституирањето на Демократска Федерална Македонија. Дури и во говорите на Тито непосредно по завршувањето на Војната, ослободувањето на Македонците под Грција и Бугарија било третирано како врвен приоритет, без чие исполнување борбата не се сметала за исполнета.

Впрочем, и најблиску до остварување на планот за “ослободување и обединување” на македонските територии било вмешувањето на Југославија во Граѓанската војна во Грција, пред да се случи раздорот помеѓу Тито и Сталин, и со тоа раскинот на сојузот помеѓу Тито и грчките комунисти...

Продолжува...

Извор: Глобус

Фотографии: Иван Илиев

Сите наоди и тврдења, општо

Сите наоди и тврдења, општо земено се точни, но авторот се обидува на многу нејасен начин со голем број сложени странски зборови да објасни нешта кои се, во суштина, многу прости. Се’ на се’ не е лошо, ама написот страда поради желбата да се биде „високоинтелектуален“.

obshta

makedonia, makedoncite sa geografska opredelba, po nacionalnost makedonci od 45 blagodarenie na splet od okolnosti i se ostanato shto drobite ovde se jelbi, mechti i fantasmagorii, t.e plod na fantazija i jelba da pokajesh kolku si umen ili nachitan.
 

Рационализации... Како и

Рационализации... Како и секогаш досега. Но има огромен проблем - самиот поим на нација и етнкум НЕ Е рационален. Националниот идентитет е изграден идентитет (затоа може Шарл Азнавур да е и Французин и Ерменец, и Трајанов да е и Германец и Македонец). И не знам зошто толку ти пречи, т.е. со толкавиот антагонизам, зошто му даваш толкаво значење.
И конкретни забелешки:
Зошто националистите мора да се униформни? 
Од кога барањето на бесправно одземените човечки и граѓански права во една соседна држава претставува анти-македонски чекор? Најголемиот генерал на комунистите во граѓанската војна во Грција е пуштен да се врати во 1983-та во Грција и вратени му се сите граѓански права и не е суден за ништо. А бегалците и ден денес неосудени, најчесто се и деца на бегалците, кои што и не можат да бидат судени... И немаат никакви права. Како Евреите во нацистичка Германија.
Инаку, омилените бугарски пасоши со ова темпо ќе ги има секој Македонец во рок од 120 години. Аха, убав ти е калкулаторот, не е грешка... 300 државјанства неделно е просекот (и тоа во последните неколку години, инаку беше 50 неделно).

E stvarno ne go skontav

E stvarno ne go skontav tekstov kako "visokointelektualen". Sepak treba da ima nekakvo nivo...

Најкеифско во текстов е тоа

Најкеифско во текстов е тоа што им ги зачепи муцките на лавчињата и останата живина која спобудалено се с’ска себеси и сите околу себеси со гореспомнатиот Букурешткиот договор.
Колку само пати за ова зборуваат и се жестат , демек, ќе ни се вратат териториите..?? :)

Им ги зачепил? Дали само јас

Им ги зачепил? Дали само јас тоа гледам и други коментари овде, освен твојот?
 
Инаку, недостатокот на коментари на Окно само значи дека популарноста му е опадната. Веќе никој нејќе да чита вакви бљувотини, и да седи мирен додека Вуна-муна самопрогласено му сипа на некој Вунасти мислења во главата преку инка. No pasaran, Шмоxy. И ја дремев и коментирав тука, па сеа еднаш месечно дали поминувам. Тоа, па тоа, шлајф у место...
 
А лавовите покрај муцки, имаат и шепи. Не е убаво кога некој сака да им се посере на главата, само затоа што има нешто многу против фактот што еве, постојат и лавови. Не за друго - може да стане евнух и никој нема да му биде крив (ако веќе не е). Ама тоа е - мајмунска работа.

roxy ами читај го Киро. За

roxy ами читај го Киро. За секое зачепување уста тој одговара со „рационализации“... ха ха да не беше трагичен, смешен ќе беше чичкото.

Анонимен, http://en.wikipedia

Анонимен, http://en.wikipedia.org/wiki/Rationalization_(psychology) за да сфатиш дека авторот почнува од тезата „ВМРО смрди“ и од тука натаму само се обидува со сите средства да го поткрепи тоа. Меша баби, жаби, све само со цел да докаже дека ВМРО не го бива. Слично како оној професорот што му пишуваше на Обама дека ние не сме Македонци а „логичките тези“ паѓаат при првото читање.
А и тоа со Букурашкиот е смешка што ја пушти во оптек Ристо Стефов кој што и самиот си кажува дека тоа можеби и не му требало. Но, не ми е јасно што мајка бара споменувањето на Букурешкиот договор, никога не е споменат од никого во официјални цели?!? Или штом НЕКОЈ ВМРО-вец си сонува за тоа, тогаш тоа е цел на СИТЕ ВМРО-вци? 
И живееш во земја што е ослободена со национална и анти-фашистичка борба, која што ја водела партијата претходничка на денешните менувачи на името. Истата партија што од 1991-ва н`е убедуваше дека не ни треба ни НАТО ни ЕУ, денес вика ВМРО да го смени името за да влеземе. Ма дај...

Има ли поголем сарказам од тоа?

Anonimen, глеј, Кирче из бек.

Anonimen, глеј, Кирче из бек. :)
Кире бе,..  Авторот, земал да пишува за национализам во својата земја .. Е сега, ако земеш да пишуваш за Македонија тогаш неминовно ќе налеташ на лавче,виргинче и сл. работи кои дојдоа од ВМРО во периодот кога Киро Глигоров и останатите правеа држава и така се направил некој компромис за да бидат задоволни и едните и другите.
Никаква тоа не е тајна ниту пак срамота, да ако зборуваме за вмро трмроро дрппрп-о зборуваме за национализам зошто самато јадро на оваа организација/партија е национално/националистичко.
Тоа со Букурешт што викаш го пуштил Ристо,Мисто.. тоа не знам и не ме интересира ама воопшто.
Доволно е онака само основно образование и некои точки во мозокот , за да сфатиш дека нема што да и’ се врати на Македонија како територија зошто таа истата пред ’45 не постоела ниту поседувала територија,ниту власт,крал или било што.
Затоа, најдобро би било да ти Ќиро ги прележиш детскиве болести и земеш да читаш без после тоа да плачеш и цимолиш како бреееј премногу ’рационализација’ имало во текстот ! хаоси од јунаци значи

 А што ти пречи тебе толку

 А што ти пречи тебе толку македонскиот национализам? Тоа што те брани од грчки, српски, албански, или бугарски војник да те силува? Па дај извади си еден пасош и не тролај тука.
 
Јадрото било националистичко... Е не, пацифистичко требало да биде, во време кога империјата што газела тука пола милениум почнала да крца, така? Можда требало да се залапаат нашиве востаници со тускиот аскер, нели? Нормално, моменти пред да им се свирне по еден куршум в чело на нашиве, а жените да им ги силуваат па да ги денат на друг кол, дрвен, а аскерот да си се врати по касарните на славје и фешта.
 
И какви територии побогу. Што рекол Киро Велковски за териториите? Рече дека ќе си ги враќаме? НЕ. Можда треба да се вратиш во основно или средно, каде што утнатите раскази (у твојов случај коментари) професорите ги означуваа со „Промашена тема“. Он едно, ти сосема друго. Ако не знаеш што е Straw man, изгуглај...

Не Киро, авторот тргнува од

Не Киро, авторот тргнува од тезите, тактиките и политичките ташачења на власта, со кои се користи од денот кога се организираше како партија, а сега од позициите на власт засилено ги промовира. Тие наполно неписмени тези, неинформирани ставови (дел од кои се преточија и во официјална политика, како испраќањето на официјална писма околу/и за прашања, наводно поврзани со Букурешт - а тебе ти е чудно спомнувањето на истото види молим те) е она што авторот на текстот го разглаба. И на крај откако фино го одработи и сврте од сите можни агли, и го заврте на глава за да и наполно неписмени  го разберат, заклучува (не знам колку тој, ама секој свесен читател мора да заклучи) дека нешто кај ВМРО, а уште повеќе кај слепите следбеници како тебе ужасно СМРДИ! Оди сега најди на Вики како се вика таа состојба - знаеш, онаа кога без разлика колку факти да ти презентираат, без разлика на колку работи ќе ти укажат, ти повторно ќе си најдеш оправдување зашто не сакаш да прифатиш дека некој е неписмен токмак кој со своите непознавања и желба за власт ја копа оваа државичка во дупката. како се вика тоа Кирп? Симптом на луѓе кои се на платен список на власта или само симптоми на неписмени СЛЕПЦИ?
И доста жртвувате индивидуалци - сеа Ристо Стефов ќе го бесите ВМРОвчиња, откако ви гори под нозете? Иди Киро закопај си ја главата некаде под земја и не излегувај следните 10 години, можеби некој ќе заборави кои џаболебари солеа памет во годините кога земјата отиде комплетно во курац.

Boldirano, na baranje na

Boldirano, na baranje na verniot chitatel Roxy:)

 Многу

 Многу „професионално“, нема што. :D
 
А да ти се јавам да муи пуштиш една песна само за мене на насловна? Ќе може?

citam i ne mozam da se

citam i ne mozam da se iznacudam i na vas i na avtorot! Nemalo sto da ni se vrati, zasto pred 45 nemaln drzava Makedonija. A toa sto imalo i ima Makedonci na tie zemji ne e bitno? Demek legitimno e da sme imale drzava Makedonija tamu, pa taka moze da gi barame nazad tie zemji. Znaci spored vas legitimno e Bugarija, Srbija i Turcija da ja baraat nasata denesna zemja, zasto nekogas nivnite drzavi ja opfakale nasata teritorija,a? Smesni ste!

a sto e tolku strasno

a sto e tolku strasno nacionalnoto cuvstvo razlicno da se iskazuva? Toa e najnormalno zatoa sto e CUVSTVO (nesto sto ne izleguva od razumniot del na umot), kako sto site drugi cuvstva (radost, taga, sreka, strav...) sekoj covek razlicno gi dozivuva i iskazuva. Site ovie vasi stavovi se istotaka eden izraz na makedonskoto nacionalno cuvstvo sto go ima i kaj vas t.e. so koe ste i vie na nekoj nacin povrzani. I ve molam nemojte so tie dolni navredi za sarenolikost demek sme flotantna masa, svojstveni za sosednive sovinisti. Nacionalna ideja-programa artikulirana i drzavno institucionalizirama e nesto sosema razlicno od izrazuvanjeto na nacionalnoto cuvstvo kaj obicnite lugje (izrazeno preku maici, pocit kon odredeni licnosti i simboli i sl.)

 Гоце, жалам, ама според

 Гоце, жалам, ама според Шмоxy, Вуна и наКолја, ти си болен човек. Можда да можеа они да одлучуваат, ќе измислеа и некоја дрога или седатив па ќе ги клукаа сите со дроги ако им се јавеше некое чувство за државност или народност. Може и некој конц логор ќе спремаа, што знаеш... 
 
Иначе, до овие што ве спомнав: не ми земајте за зло - нели според вас, име не е идентитет? Штом така, псевдоним па уште помалку е. Поздрави.

 

Anonimen,

Anonimen, http://www.jainworld.com/literature/dictionary/picb.gif
До уредувачот на странава , дали може коментарот на Анонимен да се стави во болд и подвлече некако??
Секакви изгубени души шетаат па би било добро ова прво да ги репне.. како wake up call..
 

Ne deka mi se polemizira so

Ne deka mi se polemizira so Gocevci i Kircevci, ama od "praj go ti Koce budala" do dnoto stignavme. E ne moze, i ja ko niv kje komentiram, zboram, vikam!! Za inaet, bez argumenti, samo da se slusha!!
Vergina e vo Grcija!!!
Latinicata e podobra!!!
Branko e kjutuk!!!
Gay is "kool"!!!
Pozatucani sme od Shponovite!!!

 Па од инат, та од памет да

 Па од инат, та од памет да не...

редовно дркање и болдирање

редовно дркање и болдирање ќомунарчиња, оргазмично. ВМРО (обединета) помеѓу редови.

Насекаде затнати лавовски

Насекаде затнати лавовски муцки, нема грешка...

А вас во вечерното скоевско

А вас во вечерното скоевско училиште не ве учеа за традиционалните разлики кои науката ги прави помеѓу патриотизам, национализам и шовинизам? Или како по обичај бегавте од часови...? 

Tiffany Jewelry, Tiffany

Tiffany Jewelry, Tiffany Necklace, Tiffany Earring, Tiffany Bracelet, tiffany jewelry tiffany co Tiffany sale links of london Tiffany Bracelets Tiffany Necklaces Online shopping for quality Links of London jewelry in the Jewelry store; the latest fashions in engagement rings, earrings, pendants, lockets links of london links of london Charms Links of London Earrings Links of london Necklaces

ОкоБоли главаВицФото