Мапирање на македонскиот национализам (2)

15.07.2010 14:16
Мапирање на македонскиот национализам 2

Што се однесува до замислата на македонската нација како компактна етнички хомогена категорија, распространета на територијата на три држави, таа идеја освен што е прилично анахрона и погрешна (на пример, Македонците во Грција во голем дел не говорат македонски јазик), претставува и голема пречка за самото консолидирање на Македонија како држава.

Симптоматично е што многу од етничките Македонци како "органски“ блиски ги сметаат Македонците од Грција и Бугарија, и тоа најчесто вон доменот на роднинска или пријателска поврзаност. Меѓутоа, како дел од македонската нација, никогаш не би биле сметани граѓани на Македонија кои не се етнички Македонци, особено не ако станува збор за граѓани за кои се смета дека имаат kin-state, како што се Албанците, Турците, Србите, итн. И тоа не е само популарен дискурс типичен за поединци, туку прераснува и во доминантна политичка реторика. На пример, доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во Македонија беше проследено со контроверзната најава за мораториум на прашања поврзани со мултикултурализмот во Македонија; од друга страна, премиерот праќаше писма до меѓународни инстанци во врска со расветлувањето на т.н. "егејско прашање“.

Тука двојните стандарди се очигледни – Владата на Република Македонија дискурзивно се грижи повеќе за состојбите во туѓиот, отколку во сопствениот двор. Прашањето на македонското (и ромското, албанското, бугарското, турското, влашкото) малцинство во Грција навистина е сензитивно и треба што поскоро да биде решено, меѓутоа тоа не е "национално прашање“, туку прашање на принципи. Оние кои што искрено се залагаат за еднаквост и недискриминација, застапуваат универзално гледиште; кое не само што не познава државни граници, туку и не важи исклучиво за дискриминација по етничка, туку и за дискриминација по сите останати основи (вклучително, и сексуалната ориентација, која ВМРО-ДПМНЕ упорно ја отфрла како основа за дискриминација).

 

ВМРО-ДПМНЕ како агент на македонскиот национализам

ВМРО-ДПМНЕ е партија која практично себе си ја припишува независноста на Република Македонија и застапувањето на интересите на етничките Македонци.

Во голема мера, ова е точно – дијаспорските активисти и дијаспорското Движење за Ослободување и Обединување на Македонија (ДООМ) кои се основата од која произлезе партијата, беа посветени на идејата за независна Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ беше главниот домашен политички субјект кој ја промовираше таа идеја.

Но, "националното ослободување и обединување“ во контекстот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите претходници е прилично дискутабилен. Самото лого на ДООМ ја содржи картата на "Голема Македонија“, и три факели со ознаки В, Е, П, кои стојат за Вардар, Егеј и Пирин. Фамозниот весник "Македонска нација“, издаван од ДООМ во 1970тите, кој во 2009 беше реставриран под покровителство и на претставници на ВМРО-ДПМНЕ, своевремено бил создаден меѓу другото за "припремување на терен за обединување на трите дела од распарчена Македонија во единствена македонска национална државна целина“. Во прогласот за основање на ВМРО-ДПМНЕ пак (објавен неодамна на порталот "Македонска Нација“), првата точка гласи дека партијата "ќе работи за национално и територијално обединување на распарчениот македонски народ во самостојна национална држава“; понатаму стојат цели како "духовно, национално, политичко и економско обединување на сите Македонци без разлика во која држава живеат”; идеи за етнонационално државјанство на Македонците во соседните држави и идеи за отварање на македонски училишта за македонските малцинства во соседните земји. Како последна точка стои: "ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за поништување на Букурешткиот договор од 1913 година и на сите други договори со кои се поробува и распарчува Македонија“.

Од овој документ јасно може да се види за какво "национално единство“ стои "ДПМНЕ“. Со текот на времето, и особено со преориентацијата на партијата од национална кон демохристијанска и конзервативна, овие идеи полека избледеа од официјалните документи; сепак, добро би било да се знае дали сè уште основна цел на партијата е обединувањето на македонскиот народ во една држава. Судејќи по фактот што сè уште меѓу младите ВМРОвци начин на отпоздравување на химната е покажувањето на трите прста (средниот, домалиот и малиот) во знак на обединувањето на трите дела на Македонија, може да претпоставиме дека оваа идеја си го наоѓа и денес местото кај владејачката партија.

Што се однесува до третманот на оние кои не се етнички Македонци, а се граѓани на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш, барем формално, наоѓала начин како да ги адресира нивните проблеми. Во нивните иницијални програмски определби (во документ исто така објавен на "Македонска Нација“) стои дека покрај тоа што партијата е за заштита на македонските малцинства во соседните држави, ќе се грижи и за малцинствата во Република Македонија. Во “Преродбата” (од 2008), мултикултурниот карактер на државата се споменува само еднаш, во општиот вовед во програмата, додека пак, огромно внимание им е посветено на “Македонците кои живеат надвор од Македонија”.

Политичката пракса пак, покажа дека современото ВМРО-ДПМНЕ и не е баш партија која може да се снајде со мултикултурализмот во Македонија, во прв план, поради преземањето моноетнички идентитетски политики на државно ниво (антиквизацијата е процес кој се занимава исклучиво со етничките Македонци и нивните наративи). Во голема мера тоа влијаеше и на нивото на етничката толеранција, кое според неколку различни извори бележи драматично опаѓање. Не смее да заборавиме дека ВМРО-ДПМНЕ, иако победи на првите слободни избори во Македонија, не успеа да состави Влада токму поради неволноста да коалицира со албанска партија.

Митот за ВМ(О)РО

Од аспект на симболичкиот капитал кој партијата го генерира пак, за ВМРО-ДПМНЕ слободно може да се каже дека е машина за масовно произведување на националистички митови. Веќе на долго и широко е пишувано за антиквизацијата – процесот воден од идејата за повеќемилениумска македонска нација кое што своето Златно доба го доживеала во времето на Александар Велики. Сепак, антиквизацијата е еден прилично забрзан и преувеличен романтичарски занес, кој лесно се декодира и деконструира, а со тоа и неговата легитимност може да се оспори. Згора на тоа, антиквизацијата е концепт којшто мора да биде зауздан поради меѓународните но и внатрешните политички прилики и затоа нејзините ефекти се ограничени. Меѓутоа, ВМРО-ДПМНЕ располага со цел арсенал симболичко оружје од кое црпи моќ, и кое што дополнително го потхранува македонскиот етнонационализам.

Најзначаен мит од целата митологија на ВМРО-ДПМНЕ е оној за ВМ(О)РО и како што велат, неговата “врежаност во кодот на Македонецот”. Самата тема ВМ(О)РО претставува фетиш на официјалната македонска национална историографија, на многу квази-историчари и на речиси сите македонски националисти.

“Организацијата”, во оваа генерално митологизирана слика, е замислена како најзаслужна за “будењето на македонската национална свест” и како најзаслужна за македонската современа државност. Историчарите од сите генерации кои се во служба на државните истражувачки институции посветуваат цели кариери да ги исправат сите некохерентности во приказната за како што ја нарекуваат “МРО”, и се посветуваат на тоа да го откријат епското значење на една цела плејада личности (што бара голема креативност). Критиката на улогата на “Организацијата” е табу затоа што се претпоставува нејзиното значење и сакралност “за Македонецот”. Критиката на одредени поединци пак, е дозволена, бидејќи најголемиот број “интерни” дискусии помеѓу националистите и воопшто, експертите за историјатот на ВМ(О)РО се водат по прашањата за националните чувства и политичките убедувања на индивидуалните претставници на организацјата.

Веројатно секој поупатен би признал дека ВМ(О)РО има крајно контроверзни и контрадикторни историски епизоди. Самото претставување на “МРО” како компактен наратив, со одреден континуитет и строго определена улога и функционирање е многу повеќе телеолошки конструкт отколку репрезентација на минатото во контекстот во кој се случувал. На пример, фактот што организацијата била основана под името БМОРК (Бугарско Македонско Одрински Ревулоционерен Комитет) во македонската историографија се премолчува. Бугарската национална само-дефиниција на главните ликови во организацијата се релативизира (некои од нив бугарски учители, но и војници во бугарската армија). Се оправдуваат и воспеваат и методите на делување на Организацијата, и покрај тоа што нивниот најчест начин на работа бил вооружениот терор, кој не бил насочен само против Отоманските власти, туку и кон секој кој не се сложувал со нив, вклучувајќи го овде и месното население кое одбивало да им плати данок. Згора на тоа, одредени челници на Организацијата делувале многу повеќе како локални мафијаши отколку како борци за слобода – одржувајќи ги сопствените приходи од лихварство и проституција.

Малку се зборува дека бугаризмот и теророт на “Организацијата” ги посочува дури и самиот Крсте Петков – Мисирков во “За Македонцките работи”, канонот на македонскиот национализам. Тој на “Организацијата” гледа како на негативен актер кој прави исклучиво штета за народот.

Денес, голем симболички капитал за целиот концепт на ВМ(О)РО носи и прославувањето на големиот дебакл Илинден (пропратен со мали “интервенции” во интерпретацијата, случајно испуштајќи го фактот дека најголем дел од востаниците биле Бугари). Прославата на Илинден е контрадикторна и со други историски национални наративи, на пример кренато против волја на Гоце Делчев (кому, пак, му се подигна споменик веднаш до Даме Груев, човекот кој веројатно е одговорен за неговата смрт), и оценето како “фијаско” од страна на Мисирков. На крајот на краиштата, бизарно е и “светото” место Мечкин Камен – затоа што постојат повеќе алтернативни верзии за крајот на Питу Гули, а една од тие е дека човекот отишол да се бие со Отоманците мртов пијан, а другарите од четата се обидувале да го одвратат. Денес на тој Мечкин Камен се држат говори и се величи националната историја...

Продолжува...

Фотографии: Иван Илиев

Bravo! Odlicen tekst.

Bravo! Odlicen tekst.

Идеологија е Спинуван Бул

Идеологија е Спинуван Бул шит.
Иначе шо им беше идеологијата на другите партиски опции у МК знае некој?

tres, tres, tres mnogu lesno

tres, tres, tres mnogu lesno moze da se ospori legitimitetot na vasive gluposti, a ne na nasata anticka istorija i minato. Mislite deka imaat legitimitet vasive gluposti deka Pitu Guli bil mrtov pijan? Ilinden iako bil neuspesen e ogromno postignuvanje. Makedoncite sami go organizirale i sami go podignale vostanieto, za razlika od Grcite, Srbite i Bugarite koi bile pomognati od Rusija, Anglija, Francija kako i mnogu nasi slobodoljubivi Makedonci: Petar Icko, Dedo Iljo Malesevski, Dimitar Pop Georgiev Berovski, Gjorgjija Pulevski (prviot nas "antikvizator")... Tuka se gledaat junastvoto i heriozmot na Ilinden.

 Таман мислиш Вуна пораснал

 Таман мислиш Вуна пораснал кога ќе прочиташ ваков текст од него. Се обидуваш да го "зауздаш" македонскиот национализам со тоа што ќе се покакаш врз се што е значајно за македонскиот народ и неговата самобитност? Продолжи така, тоа го зајакнува македонскиот национализам, тоа го зајакнува европскиот национализам, вакви долни навреди и извитоперувања на историјата од страна на левичарски хипици. Good night left side.

ме нервираа вакви

Очигледни се комуњарските настроенија на писателот на текстот  кој и да е и колку и да сака да се задскрие зад таканаречениот неутрален став кој како божем го користи за да ги задскрие сопствените антимакедонски ставови. Само малку внимание посветено на текстот кој патем речено нема врска со насловот, може да открие дека целиот текст е насочен комплетно против се што е македонско Па добео кој етникум во светот го прави она што Вие го ставате како забелешка дека Македонците не го прават, и истовремено го карактеризирате како национализам, Им ено ние сме единствената држава каде ромите имаат своја општина, правата на албанското етничко малцинство се поголеми дури и од правата на мнозинството во Македонија, Србите се на пат да добијат службен јазик во кумановската општина итн во корелација со правата на Македонците како малцинство во соседните земји ние сме даааалеку напред и сега ке се најде некој ,,мудар" да каже дека тоа во преродбата од 2008 не било третирано
За другите глупости што се натрескани во продолжението на текстот несакам ни да коментирам зошто очигледно е дека се напишани во наплив на антимакедонско расположение за кое можам само да претпоставам од каде црпи инспирација , очигледни се сличностите и ставовите со националистите од околните земји кои интензивно работат и низ историјата работеле против македонската кауза и против се што е македонско

Секој си има право да си се

Секој си има право да си се идентификуа со шо си сака. А со тоа следуе и правото да си праи какви споменици си сака. И нема тука некој право да просерава за кои зошто и како фаци се стаени.
Јеби га тоа се принциои на современи чоекои права ако не си се свиѓа сиктер у 19 век или ќути.

 У право си. Пред некој ден

 У право си. Пред некој ден размислував, океј, што има толку кич во споменикот на Гоце Делчев? Или оној на Ченто? Оти, на тие споменици нема никаква апстракција: ги има ликовите само нивни, +/- коњ, постамент, ова она.
 
И дојдов до заклучокот дека тоа што им е кич на оние што многу се разбираат во уметност (а-ха), се токму историските елементи на самите споменици. Т.е. тоа што Гоце е претставен како Гоце, а не како сребрен ромбоид со розев квадрат во него и пластични крилја од страните, на пример. У принцип, традиционалниот стил на претставување историски лик, го грешат за кич. По таа логика, и статуата на Бетовен е кич, и оние на Сталин, и онаа на Линколн, итн. Оти, нели, не биле во „духот“ на денешницава. Божем нешто што оставило безвремен белег, треба да биде сведено на одредена точка во времето, оф мори мајко...

 Ма Вуна ти е само неостварен

 Ма Вуна ти е само неостварен анархист кој под влијание на егзибиционистичкиот 21 век сфатил дека најлесен начин да бидеш „славен“ е да трескаш зелени по медиуми. Боље негативен публицитет, него тотална анонимност! И онака сите се бламираат, нели...?!?

 Шо викаш. Во литературата,

 Шо викаш. Во литературата, таквите случаи се опишуваат како Трагични ликови...

 Анархист со стипендија од

 Анархист со стипендија од Сорос, новиот светски поредок прави чуда.

ОкоБоли главаВицФото